Последната „лебедова песна“ на Renaultsport

Тоа е тоа, претставен е најновиот модел на Renaultsport. Megane RS Ultimae, кој беше претставен на овогодинешниот салон за автомобили во Токио, е еден вид „лебедова песна“.

Серијата е ограничена на 1976 единици како потсетување на 1976 година, кога беше основан Renault Sport.

Токму така, RS заминува во историјата, но тоа не значи дека е крај за спортските модели. Имено, допрва ќе ги има, а ќе се нудат под брендот Alpine.

Кога станува збор за оваа специјална серија, да кажеме дека е базирана на изведбата на Trophy. Ќе се нуди во четири бои и тоа Star Black, Pearl White, Sirius Yellow и Tonic Orange. Надворешноста на автомобилот доби декорација во форма на детали во мат црна боја, како и натпис Ultimae.

Во кабината, седиштата на Recaro се покриени со титаниум сива алкантара со логото RS. Нова е табличката со ознаката на специјалната серија, а на неа е потписот на Лоран Хургон, возачот кој постигна рекорди во конкуренција на автомобили со погон на предните тркала на Нирбургринг, Сузука и Спа-Франкоршамп.

Ова е исто така автомобил со многу кратка листа на опции. Вклучено е сè, а дополнително се нудат само стаклен покрив и head-up дисплеј. За заштитна церада, под која многу примероци ќе го поминат најголемиот дел од својот живот, мора дополнително да се плати.

Штета, бидејќи овој автомобил е направен за уживање во возењето. Сè е подредено на брзината, од 1,8 бензинецот со 300 КС и 420 Nm, сопирачки Brembo, Cup суспензија, па сè до пневматиците Bridgestone Potenza S007 од верзијата Trophy R. Продажбата започнува оваа пролет, а цената уште не е објавена.

Тагови
реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Авто новости

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Read more

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Читај повеќе
  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе