Истражување покажа

Посреќни сме кога вежбаме, отколку кога имаме многу пари

Б.С.Б.
/ 30.11.2021 / 15:06

Со пари не може да купиме среќа, но можеме со вежбање. Научници од Универзитетите Јејл и Оксфорд докажаа дека редовното вежбање може да нè направи навистина среќни и психички силни.

Резултатите од нивната студија се објавени во списанието The Lancet Psychiatry. Луѓето кои редовно вежбале имале 18 лоши денови (се однесува на денови во кои се чувствувале психички лошо) помалку во годината од оние кои воопшто не вежбале.

Исто така, оние кои вежбале се чувствувале еднакво добро како и оние не вежбаат, но заработуваат повеќе од 25.000 долари годишно.

„Разликата во психичкото здравје на поединците кои учествуваат во колективни спортови и оние кои воопшто не вежбаат е иста како и разликата во задоволството што ја предизвикуваат 25.000 долари годишно, меѓу оние кои ги имаат тие пари и ги немаат“, објаснува водачот на студијата Сами Р. Чекроуд од Оксфорд.

Вежбањето одамна се поврзува со намален ризик од кардиоваскуларни болести, срцев удар и дијабетес, но дури во последно време почна да се поврзува со придобивките за психичкото здравје.

За да дојдат до ова откритие, научниците проучувале податоци собрани од повеќе од милион возрасни луѓе. Дошле до заклучок дека кој било вид физичка активност – од грижа за деца, домашни обврски, одење во теретана, пешачење или возење велосипед позитивно влијае на менталното здравје.

Тимските спортови се уште поефективни. Доволно е да вежбате три пати неделни по 45 минути за да имате одлични резултати.

Тагови
реклама

Топол воздух од Сахара доаѓа во Европа, температурите ќе достигнат 47°C

Read more

Реакција на Русија за пристапувањето на Македонија во Коалицијата на волните

Read more

Откриено живо суштество старо 2.300 години на дното на морето 

Read more

Зборови вредни повеќе од медал: Јамал откри што му рекол Меси по финалето

Read more

Фит

Дали инстант кафето го забрзува стареењето?

Read more

Како јадењето ужинка богата со протеини пред спиење влијае на сонот?

Read more

Која е разликата помеѓу 2500 калории од здрава и брза храна?

Read more

Што е најдобро да јадете наутро?

Read more

Магазин

Кои се највалканите места што ги допираме секој ден?

Читај повеќе

Што се случува со вашето тело кога пиете сок од портокал на празен желудник?

Читај повеќе

Зошто лажеме за тоа како си поминавме на одмор?

Читај повеќе

Грешки во вашето CV поради кои не ве викаат на интервју за работа

Читај повеќе

Рецепт за најдобрите полнети модри патлиџани: Наполнете ги со месо и печете со кашкавал

Читај повеќе

Дали инстант кафето го забрзува стареењето?

Читај повеќе

Зошто мозочните удари најчесто се случуваат наутро?

Читај повеќе

Иконски паб во Англија претворен во џамија: Примаше гости од 1799 година

Читај повеќе

Сезоната на Лав носи пари од 22 јули за три хороскопски знаци

Читај повеќе