Повеќе од 30 предградија на Мелбурн повторно во карантин

Австралиските власти од денеска на полноќ воведуваат мерка карантин за околу 300.000 луѓе во предградија во северниот дел на Мелбурн.

Мерката се воведува по двонеделниот двоцифрен пораст на бројот на новозаразени со COVID-19 и ќе биде во сила до крајот на месецов.

Епидемиолошката ситуација во Австралија во текот на целото траење на пандемијата е значително подобра отколку во другите држави во светот. Досега во земјата се регистрирани околу 7.830 заразени лица и 104 смртни случаи од последиците на новиот коронавирус.

Неодамнешниот пораст на бројот на заразени го поттикна стравот од појава на втор бран на епидемијата. Поради тоа третата фаза рестриктивни мерки ќе биде вратена во над 30 предградија на Мелбурн, вториот град по големина во Австралија, во обид да се стави под контрола ширењето на вирусот.

Тоа значи дека граѓаните нема да смеат да ги напуштаат своите домови освен за пазарење, посета на лекар, давање или примање нега и помош, заминување на работа и во училиште и поради вежбање. Освен тоа, ќе бидат спроведени и брзи тестови на коронавирус, за кои властите се надеваат дека ќе опфатат половина од популацијата која живее во овие подрачја.

Рестриктивните мерки се усвоени откако во остатокот од сојузната држава Викторија дошло до олабавување на мерките во изминатите недели, кога биле отворени ресторани, фитнес центри и кино салите.

реклама

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе