Искусниот шпански дефанзивец ќе мора да почека за негвото деби во дресот на Пари Сен-Жермен, кое никако да го дочека.
Најавите дека Серхио Рамос конечно ќе дибитира во дресот на ПСЖ на утрешниот натпревар дома против Анжер сепак нема да се остварат.
Неговата повреда уште не е оздравена и клубот одлучи да не ризикува и покрај желбата на Шпанецот.
„Серхио Рамос во наредните 10 дена ќе продолжи со индивидуални тренинзи под контрола на медицинскиот тим со цел да биде подготвен да се врати на тимските тренинзи“, соопшти ПСЖ.
Рамос летово дојде во ПСЖ, но веќе како повреден, поради што и го пропушти и ЕУРО 2020. Сепак, неговото опоравување не одеше како што се надеваа во ПСЖ и тоа заглави надвор од зелениот терен.
Сега најавите се дека неговото деби би можело да се случи на 29-ти месецов кога тимот на Маурисио Почетино ќе му се спротивстави на актуелниот шампион Лил.