Повторно рекорден број заразени, пред нас пикот од третиот бран

Нови 1.320 случаи на COVID-19 беа регистрирани вчера од направени 4.738 тестирања во претходните 24 часа, починаа 35 лица, а оздравеа 514 пациенти. Во ковид-центрите, се хоспитализирани 1498 пациенти, а се слободни околу 200 кревети. Бројот на активни ковид случаи изнесува 18.243. Пикот од третиот бран на вирусот, според здравствените власти, е пред нас.

Министерот Филипче верува дека со првите 24.000 вакцини преку Ковакс системот в среда ќе почне масовната имунизација на населението.

Има, како што вели, најава по 15 април за количина од близу 20.000 вакцини од системот за европска солидарност, за што вчера претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во телефонски разговор го информираше премиерот Зоран Заев. За април има најава и за одредена количина што ги најави Бугарија пред неколку месеци, кинеските вакцини исто така, така што верувам дека тоа ќе биде еден систем што ќе започне брзо со работа. Верувам дека процесот ќе започне в среда кога ќе се завршат сите формалности околу администрацијата и документите, дозволите за употреба согласно со регулативата на Агенцијата за лекови за да имаме навистина добар систем на спроведување на процесот на вакцинација, рече Филипче во телевизиско гостување.

Како што објави вчера премиерот Заев претседателката на ЕК го информирала дека ЕУ обезбедува 651.000 дози вакцини за заштита од COVID-19 како директна помош за граѓаните на земјите од Западен Балкан, а соодветен дел од нив согласно бројот на жители во текот на април ќе пристигнат и во Северна Македонија.

Претходно бугарскиот премиер Бојко Борисов, изјави дека Бугарија идната седмица ќе добие 200.000 вакцини и оти дека ќе предложи 5.000 вакцини од нив да испратат за Северна Македонија. Борисов, како што јави дописникот на МИА од Софија, изјави дека тоа ќе биде вистински пријателски гест за здравјето на луѓето.

Околу 5000 жители од БиХ, Црна Гора и над 2000 македонски државјани вчера бесплатно се вакцинираа на Белградскиот саем со вакцините на AstraZeneca. Во Ниш, пак, во тек е вакцинација на бизнис заедницата од државава во организација на Стопанската комора на Северна Македонија. Од нашите државјани кои се вакцинираа во Србија оние кои ќе сакаат, како што најави  Филипче, ќе можат ревакцинацијата да ја направат во државава.

Следната недела ќе биде критична за состојбата со вирусот согласно проценката на промена на инциденцата во различни градови на државата. Брановите обично трaaт шест до осум недели, веќе истекува шестата недела и се соглaсувам дека пикот можеби е веќе пред нас, рече Филипче, посочувајќи дека  дополнителна рестрикција нема да даде резултати затоа што веќе вирусот е широко распространет.

Покрај постојните капацитети најавено е дека од понеделник за ковид пациенти во функција ќе биде ставена и болницата за рехабилитација во Козле, каде има 100 кревети.За состојбата со капацитетите во клиниките и ГОБ „8 Септември“, состојбата на пациентите и ротациите на медицинскиот персонал вчера се одржа состанок на министерот Филипче со директорите на ковид-центрите во Скопје.

– Здравствениот систем деновиве се соочува со најголемиот предизвик досега, состојбата во болниците е алармантна, но и покрај тоа со секојдневни напори се оспособуваат нови оддели за хоспитализација на ковид пациенти. Во исто време болниците се отворени и за болни кои имаат итни здравствени проблеми и им е потребна брза лекарска интервенција, за хронични пациенти чија состојба се влошила, за прегледи на болни кои мораат да ја контролираат редовно здрвствената состојба. Вработените во болниците дават натчовечки напори за да ги згрижат сите пациенти, соопштија од МЗ по средбата.

Од Министерството за здравство повторно апелираа до сите граѓани, да бидат исклучително одговорни овој период, бидејќи штитејќи се себе си го штитат и здравјето на другите. Се апелира посебно младите да не се групираат и задолжително сите граѓани да ги почитуваат јавно здравствени мерки – носење  на заштитна маска, одржување на физичка дистанца и хигиена.

Според последните податоци на МЗ заклучно со вчера, во Скопје се хоспитализрани 66 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а вкупно се лекуваат 629 лица сомнителни и потврдени за COVID-19. На Интерните и хируршки клиники имало 39 приеми. Во ковид-центарот во „ГОБ 8 Септември“ имало 16 примени пациенти и 9 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени нови болни,а двајца пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести.

Во ковид-центрите во болниците низ земјава, пак, е пријавено дека се лекуваат вкупно 869 ковид пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 85 пациенти, во Штип 53 пациенти, на  инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, во Велес се лекуваат 70 болни, а во Куманово 133 пациенти позитивни и суспектни на COVID-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 95 пациенти, во Прилеп 104 во ковид центарот во Гостивар 44, а во Струга 14 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 77 пациенти, во Кочани 28 во Кичево 32, Кавадарци 73, а во Гевгелија 26 лица, позитивни и суспектни на коронавирусот.

Според МЗ, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе