Познат идентитетот на напаѓачот од Брисел, уби двајца па се огласи во живо на Facebook: Ги одмаздив муслиманите

Макфакс
/ 17.10.2023 / 08:16

Напаѓачот кој во терористички напад во Брисел уби две лица, шведски фудбалски навивачи, а рани уште едно лице, сѐ уште е во бегство.

Со истиот скутер, според расположливите информации, тој пристигнал во делот на центарот „Сентелтеплеин“, каде што отворил оган од автоматска пушка.

Убиецот, според новите информации кои белгискиот HLN ги дознал од полицијата, прво пукал во такси комбе во кое убил двајца шведски навивачи кои пристигнале на натпреварот меѓу Белгија и Шведска. Потоа отишол да пука во третата жртва, која ја ранил.

Осомничен за нападот е 45-годишниот Абдесалем Л. од Шаарбек, за кој се знае дека е радикализиран. Го користел псевдонимот Слајем Слоум. Добро информиран извор за HLN изјавил дека тој е од Тунис. „Тој побара азил, што беше одбиено и му беше наредено да ја напушти земјата“, се вели во соопштението. Според федералните обвинители, тој најверојатно имал терористички мотиви.

URL

На неговиот Facebook по нападот се појави видео во кое тој вели дека „убил тројца Швеѓани“. Едно од трите лица во кои пукал е рането и според последните информации е надвор од животна опасност.

Во видеото, човекот на арапски вели дека е член на ИСИС (Исламска Држава) и се фали дека убива неверници.

„Во својот многу насилен говор, тој рече дека убил две лица за да се одмазди на муслиманите и дека ние живееме и умираме за нашата религија“, се вели во соопштението.

По нападот тој побегнал, а полицијата сѐ уште не може да му влезе во трага.

реклама

Морнарите заглавени во Ормутскиот Теснец почнаа ментално да попуштаат

Read more

Научниците открија дека всушност постои нешто побрзо од светлината

Read more

Утре променливо облачно со сончеви периоди, во наредните денови со услови за слаб дожд

Read more

Поточарка: Поздрава од брокула и спанаќ, а ретко кој ја јаде

Read more

Свет

Турција: НАТО е одбранбен сојуз и не мора да интервенира во Ормутскиот Теснец

Read more

„Шпиц“ во Ормутскиот Теснец: Бродовите набиени од двете страни, но само неколку поминуваат

Read more

Зеленски жали што Украина се откажала од нуклеарното оружје

Read more

Меланија Трамп: Јас не сум жртва на Епстин. Епстин не ме запозна со Доналд 

Read more
 

Вести

Српската армија вежба со модернизирани тенкови М-84

Читај повеќе

Тепачка во Карпош, приведена 18-годишна девојка

Читај повеќе

Турција: НАТО е одбранбен сојуз и не мора да интервенира во Ормутскиот Теснец

Читај повеќе

„Шпиц“ во Ормутскиот Теснец: Бродовите набиени од двете страни, но само неколку поминуваат

Читај повеќе

Зеленски жали што Украина се откажала од нуклеарното оружје

Читај повеќе

Стефано Габана поднесе оставка од Dolce & Gabbana

Читај повеќе

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

Читај повеќе
  • play_arrow

Меланија Трамп: Јас не сум жртва на Епстин. Епстин не ме запозна со Доналд 

Читај повеќе

Трамп го вади Џеј Ди Венс „од нафталин“: Го праќа на преговори во Пакистан

Читај повеќе