Пред да нападнат даваат предупредување: Зошто враните напролет напаѓаат луѓе?

Со доаѓањето на пролетта, нападите на луѓе извршени од врани не се невообичаена појава. Зошто е тоа така?

Враните се одамна одомаќинети жители на градските дворови, паркови и зелените површини опкружени со бетон. Тие се составен дел од урбаната средина, па луѓето речиси и не ги забележуваат во опкружувањето. Во првите месеци од пролетта, овие птици одеднаш привлекуваат внимание со своето однесување кое кај многумина предизвикува страв од можни повреди.

Внимателноста е секако пожелна, а предупредувањето на луѓето да не се приближуваат до нивните млади во време кога тие невешто полетуваат од гнездата е со причина.

Враните ги напаѓаат луѓето кои дошле во близина на нивното гнездо бидејќи се плашат за своите млади, што за овој вид птици е нормално однесување кое не предизвикува сериозни последици или многу ретко може да доведе до мали повреди, па поради овие причини луѓето треба да бидат внимателни. Најдобриот начин човек да се заштити е да избегнува места каде што се наоѓаат гнезда на врани или доколку се наоѓаат во близина на гнезда што побрзо да се оддалечат од таа зона.

Враните најмногу се гнездат на дрвја, а поретко на столбови за струја или слични објекти. Во текот на месец мај младите врани полетуваат од гнездото. Периодот кога пилињата учат да летаат е особено критичен, па се случува да паднат од гнездото уште пред да бидат подготвени да летнат. Тогаш возрасните птици ја бранат територијата и младенчињата, па може да дојде до напад ако случаен минувач премногу се доближи до младенчето. Прво, возрасните птици почнуваат гласно да испраќаат предупредувачки знаци со гласно гракање, по што може да се упатат кон потенцијален натрапник со лажни или вистински напади за да ги одбранат младите. Периодот кога е можно ваквото однесување на врани трае околу десет дена, по што младите се целосно подготвени за лет и повеќе нема страв од напад.

Враните обично напаѓаат кога младите се ниско во грмушките или во долните делови на крошната на дрвото. Во периодот кога младенчињата го напуштаат гнездото, потребно е да се внимава при минување во близина на гнезда, или местата каде што се наоѓаат младенчињата. Ако птиците упорно ги бранат младенчињата, понесете чадор или некој друг предмет што може да се користи за одбрана од потенцијален напад на врана. Исто така, треба да се оддалечите од местата каде што враните ја бранат својата територија, односно пилиња што испаднале од гнездото, што е можно поскоро и ако е можно без паника и нагли движења. Враните може да ги перцепираат децата како натрапници, па родителите со деца треба да бидат особено внимателни и подготвени да реагираат. За да се обезбеди безбедност на луѓето, особено на децата, пожелно е да се постави табла со предупредување дека на тој простор се можни напади од врани.

Сива врана

Должината на телото ѝ изнесува 44-51 сантиметри. Станарка е. Присутна е во различни отворени живеалишта, од рамнини до високи планини. Редовна е и бројна во земјоделски подрачја, градови и села.

Сивата врана користи разновидна храна од растително или животинско потекло, многу е прилагодлива и користи различни техники за да дојде до оброк. 

Причината за масовното појавување и гнездење на враните во центрите на градовите и урбаните средини е доста сложена, но тоа е, пред сè, зголемување на количеството отпад, особено оној од органско потекло, што е последица на зголемувањето на концентрација на луѓе во градовите и проширувањето на истите. Затоа, за враните тоа значи и полесен пристап до храна, во кои прилики доаѓаат во конфликт со луѓето, особено во периодот на гнездење и кога младите го напуштаат гнездото.

Тагови
реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more

Вести

Новооткриени цртежи покажуваат дека Сахара пред 4.000 години била радикално различно место

Read more

Microsoft подготви ривал за Google Play Store и App Store

Read more

Boston Dynamics се пофалија со новиот робот

Read more

Фрчат критики за новата реклама на Apple: Немате почит!

Read more
 

Гик

Новооткриени цртежи покажуваат дека Сахара пред 4.000 години била радикално различно место

Читај повеќе

Microsoft подготви ривал за Google Play Store и App Store

Читај повеќе
  • play_arrow

Boston Dynamics се пофалија со новиот робот

Читај повеќе

Марс исфрла плазма од својата атмосфера во вселената

Читај повеќе
  • play_arrow

Фрчат критики за новата реклама на Apple: Немате почит!

Читај повеќе

Научниците открија нова функција на малиот мозок

Читај повеќе
  • play_arrow

Нова теорија за тоа што ја предизвика имплозијата на подморницата Титан на пат до потонатиот Титаник

Читај повеќе

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Како хибридното дете на човек и неандерталец ја промени човечката историја?

Читај повеќе