На денешен ден

Пред повеќе од 100 години се случи експлозија во Сибир, што ја предизвика?

Пред повеќе од 100 години по најмоќната експлозија забележана во историјата, истражувачите и понатаму се обидуваат да сфатат што точно се случи во Сибир, пишува BBC.

На 30 јуни 1908 година се случи експлозија во Сибир при што беше опустошена зимзелена шума од 2.000 km², односно уништени околу 80 милиони дрвја. Земјата се затресла од експлозијата, додека испукале прозорците во блискиот град, оддалечен 60 километри. Тамошните жители ја почувствувале врелината од ударот.

За среќа, областа во која се случила масовната експлозија била ретко населена. Нема официјален извештај за човечки жртви, иако еден локален одгледувач на елени наводно настрадал откако експлозијата го отфрлила во дрво.

Според сведоци, небото се раздвоило, а високо над шумата целиот северен дел од небото изгледал како да е покриен со оган. Во тој момент се случила грмотевица на небото и се слушнал силен звук на удар.

Оваа Тунгунска експлозија останува најсилна од тој вид забележана во историјата, произвела 185 пати повеќе енергија од атомската бомба фрлена над Хирошима. Повеќе од 100 години научниците и понатаму се прашуваат што се случило на тој ден.

Многумина се убедени дека за експлозијата бил одговорен астероид или комета, но пронајдени се многу малку остатоци од голем вонземски предмет. Кога се случила експлозијата никој не отишол на местото на настанот за да истражи.

Дури 20 години подоцна, во 1927 година руски тим отпатувал во Сибир и наишол на огромна област со соборени дрвја, простирајќи се на 50 километри во необична форма. Претпоставиле дека во атмосферата експлодирал метеор од вселената. Немало кратер од ударот, ниту остатоци од некаков метеор.

Руските истражувачи подоцна соопштиле дека експлозијата била предизвикана од комета. Подоцна се појавиле и други претпоставки. Конечно, студија во 1978 година укажала дека сепак станува збор за метеорски дожд, но и ова тврдење е земено со резерва.

Италијански тим научници во 2007 година изнесе претпоставка дека езерото 8 километри северзоападно од епицентарот на експлозијата е можеби кратерот создаден од ударот. Езерото не постоело ниту на една мапа пред овој настан.

Лука Гасперини од Универзитетот во Болоња, Италија смета дека големо парче астероид лежи десет метри под дното на езерото, закопан во седиментите.

Истражувачки студии на оваа тема и понатаму се објавуваат, но вистината за експлозијата сè уште не е разјаснета.

Тагови
реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Живот

Шпанците се најдолговечна нација во ЕУ

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more
 

Магазин

Шпанците се најдолговечна нација во ЕУ

Читај повеќе

Осум симптоми дека на телото му недостасува железо: Не ги игнорирајте!

Читај повеќе

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе