Предадени преговарачките рамки за Северна Македонија и Албанија до Советот на ЕУ

Европската Комисија денеска ги предаде преговарачките рамки за Северна Македонија и Албанија до Советот на ЕУ (земјите членки на ЕУ), содржината на рамките нема да се објави додека Советот не ги усвои, јави дописничката на МИА од Брисел.

-Денес се одбележува уште еден важен чекор на патот на Албанија и Северна Македонија кон ЕУ, стои во писмената изјава на еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.

Преговарачките рамки се позицијата на Европската Унија во преговорите за членство. Европската Комисија поднесува нацрт рамки до земјите членки, кои треба да ги усвојат по евентуални модификации.

Рамките се поделени на три дела: водечките принципи на пристапните преговори, суштината на преговорите и преговарачката процедура, со цел да се обезбеди целосно спроведување на европското законодавство и неговите принципи во законските рамки на земјите кандидати.

Во споредба со рамките на претходните земји кандидати, ЕК вели дека за Скопје и Тирана се додадени и начелата на новата преговарачка методологија усвоена во март, земен е предвид и развојот на европското законодавство како и специфичностите и заслугите на секоја поединечна земја.

Конкретно, фокусот на овие рамки е врз владеењето на правото, функционирањето на демократските институции и јавната администрација, како и економијата, а се предвидува „посилен политички двигател“ на процесот како и подинамичен ритам на преговорите преку групирањето на поглавјата за преговори во тематски кластери.

-Со нетрпение ги очекувам дискусиите помеѓу земјите членки за да се одржат што е можно побргу првите меѓувладини конференции со двете земји. Нивната иднина јасно се наоѓа во ЕУ и уверен сум дека тие ќе продолжат да ги исполнуваат реформите на патот кон ЕУ, како што досега тоа го правеа, изјави Вархеји.

Според дипломатите во Брисел не се очекува првата меѓувладина конференција пред крајот на оваа година. Земјите членки би требало да разговараат за проширувањето од септември, со оглед на тоа дека летото ќе биде целосно посветено на обидот да се пронајде компромис за излез од економската криза на ЕУ и иднината на нејзиниот буџет. 

Димитров: Денес имаме добра вест од Брисел, ЕК го усвои предлогот на Преговарачката рамка

„Имам денес добра, убава вест од Брисел. Имаме еден важен исчекор што треба да го одбележиме – Европската Комисија го усвои предлогот на Преговарачката рамка и од денес документот е во рацете на земјите членки. Да ни е со среќа!“, истакнува министерот за надворешни работи Никола Димитров во видео изјава.

-ЕК, врз основа на одлуката на Советот за општи работи од 25 март годинава, потврдена од страна на Европскиот совет ден подоцна 26 март, го усвои предлогот на Преговарачката рамка и од денес предлог Преговарачката рамка е во рацете на земјите членки. Преговарачката рамка од страна на ЕК е конципирана врз основа на новата методологија за пристапниот процес. Основна цел на овие измени е пристапниот процес да биде поизвесен, поконкретен, поверодостоен, подинамичен, со засилено политичко управување, влијание од страна на земјите членки, засновано на објективни критериуми и строга и позитивна и негативна условеност, како и реверзибилност, вели министерот.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе