Прекршочна за ТВ Ирис поради неизбалансирано известување за предвремените локални избори во Штип

Медиумите балансирано известувале за предвремените локални избори во општина Штип, со исклучок на ТВ Ирис против која е покрената прекршочна постапка зашто доминантно најзастапен, со повеќе од половина од вкупното време за известување за изборите, бил кандидатот за градоначалник на СДСМ.

Како што соопшти Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), во периодот на кампањата во Штип, многу претставници на Владата имале посети на Источниот регион и нивната активност се пресликала и во известувањето на медиумите од регионот во вестите и/или во посебните информативни емисии. Притоа, некои од нив отворено искажале поддршка за кандидатот за градоначалник на Штип од СДСМ. Посебните информативни емисии биле повеќе застапени на регионалните телевизии, што, според АВМУ, е за очекување, имајќи предвид дека изборите се реализирале само во две општини.

Во однос на Пласница, утврден бил недостаток на информации за кандидатите за градоначалник, но поради нивна одлука, а не на медиумите. Мониторингот покажал дека кандидатите за градоначалник на Пласница не го искористиле ниту правото за бесплатно политичко претставување на Јавниот сервис.

– Од 13 радиодифузери регистрирани во ДИК, вкупно 8 емитуваа ППР, од кои 7 ТВ и 1 радио. За време на изборната кампања не беше констатирано прекршување на правилата за емитување платено политичко рекламирање кај ниту еден медиум. Најмногу време беше закупено на двете регионални телевизии ТВ Стар и ТВ М-Нет ХД, на кои беа емитувани рекламни спотови од кандидатите за градоначалник на Општина Штип. Податоците во Извештајот се проверени и низ постапката на потврдување на извештаите за реализирани услуги доставени од радиодифузерите, наведува АВМУ.

Од мониторингот на радиодифузерите за предвремените избори за градоначалници на општините Штип и Пласница, АВМУ изготви два извештаја - едниот за мониторингот над изборното медиумско претставување, вториот за емитуваното платено политичко рекламирање за време на кампањата (21 ноември - 10 декември 2020 година). Мониторингот над изборното медиумско претставување опфати 20 програмски сервиси, од кои 11 национални телевизии, Јавниот сервис (МРТ 1 и Собранискиот канал), 3 регионални (М Нет-ХД, Ирис и Стар), 2 локални телевизии (Ускана Медиа и Гурра) и 2 радија (Канал 77 и РФМ).

Двата извештаи од мониторингот на радиодифузерите за Предвремените локални избори во општините Штип и Пласница се достапни на веб-страницата www.avmu.mk, во посебниот банер Избори 2020.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе