Украинскиот претседател Володимир Зеленски поднесе предлог-закон до Парламентот со кој ќе се овозможи воведување повеќекратни државјанства.
За луѓето да добијат украинско државјанство како дополнително државјанство, ќе треба да се смени украинскиот устав, бидејќи тоа сега не го дозволува. Милиони луѓе со украинско потекло во странство не може да имаат украински пасоши.
„Денеска поднесувам до Врховната Рада (парламентот) клучен предлог-закон кој ќе овозможи усвојување обемни законски измени и воведување повеќекратни државјанства“, рече Зеленски, според кој со измените ќе им се овозможи на сите етнички Украинци и нивните потомци во странство да добијат украинско државјанство.
„Се разбира, со исклучок на граѓаните на државата агресор“, додаде претседателот, очигледно мислејќи на Русија, која пред речиси две години воено ја нападна Украина и окупираше дел од нејзината територија. Оттогаш, украинските власти редовно ја нарекуваат оваа земја агресор.
Зеленски во својата изјава изрази благодарност и до украинската дијаспора за помошта во борбата против руската воена агресија и наведе дека странските доброволци кои дојдоа да помогнат во одбраната на земјата ќе можат во иднина да добијат украинско државјанство.
Сите оние кои се борат за украинската слобода се како нивната татковина.
Според Зеленски, оваа ознака добила посебно значење и ја симболизира „храброста, гордоста и нескротливоста“ на Украинците, но и нивната болка и сила што им помага да надминат сè.
Денешниот потег на украинскиот претседател е симболичен гест на Денот на единството. Тој посочи дека измените на Уставот бараат одобрение од парламентот, а тие мора да бидат одобрени и од Уставниот суд.