Премиерот на Папуа Нова Гвинеја: Бајден ја навреди мојата земја со изјавата за канибали

Макфакс
/ 22.04.2024 / 14:56

Премиерот на Папуа Нова Гвинеја, Џејмс Марапе, го обвини американскиот претседател Џозеф Бајден дека ја навредувал островската држава во Тихиот Океан со тоа што имплицирал дека неговиот вујко таму бил изеден од канибали за време на Втората светска војна.

Бајден минатата недела зборуваше во Пенсилванија за неговиот вујко Амброуз Финеган, кој беше во воздухопловните сили на САД, за кој рече дека бил соборен над Папуа Нова Гвинеја за време на војната, според AP.

Никогаш не го пронајдоа неговото тело, бидејќи порано имаше многу канибали во поголемиот дел од таа земја“, рече Бајден.

Марапе рече дека изгледа „Бајден сакал да каже дека неговиот вујко го изеле канибали“.

„Забелешките на Бајден можеби се непромислени, но мојата земја не сака да биде означена како таква“, рече Марапе во изјавата доставена до американската новинска агенција, пренесува Танјуг.

Тој додаде дека Втората светска војна не била предизвикана од жителите на Папуа, туку дека тие биле вовлечени во конфликтот.

Американската амбасада во Порт Морзби сè уште не одговорила за коментар.

Минатата недела, портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, рече дека Финеган всушност загинал кога неговиот авион се урнал во Тихиот Океан за време на Втората светска војна и не бил изеден од канибали.

Жан-Пјер им рече на новинарите дека кога Бајден сугерирал дека Финеган го изеле домородците од Нова Гвинеја во 1944 година, тој „само се обидувал да изрази колку е неверојатно горд на својот вујко“.

Remote video URL
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе