Премиерот Заев ја достави оставката до Собранието

Премиерот Зоран Заев попладнево до претседателот на Собранието ја достави најавената оставка на премиерската функција.

– Врз основа на член 219 став два од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија во прилог ви ја поднесува оставката на функцијата претседател на Владата на Република Северна Македонија. Истовремено, ве известувам дека истата нема усмено да ја образложам, наведува Заев во писмената оставка.

Тој во образложението посочува дека резултатите на последните избори, иако беа локални, за политичкиот момент во кој што се наоѓа земјата имаа и национална и политичка тежина.

– Во вакви услови за мене лично и за мене како премиер, заради политиките во кои верувам, политички неодговорно и неоправдано пред мојот народ и мојата земја би било јас лично да продолжам да ја водам владата на евроатланскиот пат. Сметам дека друг премиер од редовите на СДСМ тоа ќе може да го оствари на подобар начин, наведува Заев.

Тој нагласува дека со оваа оставка презеде одговорност и послужи како пример.

– Сакам да оставам пример за да се препознаат доблесните одлуки кога тоа е неопходно и со тоа да дадам уште еден придонес во јакнење на демократскиот капацитет на народот но исто така на идните лидери за да бидат свесни за својата граѓанска должност кога ја преземаат грижата за својата земја, пишува Заев во писмото.

Во писмото, премиерот во оставка, вели дека во неговиот мандат се донесени историски одлуки како договорот со Грција со кој Македонија се збогувала со референцата БЈРМ и го потврдила македонскиот јазик и идентитет како и членството во НАТО, а го споменува и концептот „Едно општество за сите“.

Оставката треба да ја констатира претседателот на Собранието, Џафери, а според собраниски извори, тој тоа ќе го стори утре пред седницата за пратенички прашања.

По оставката на Заев, шефот на државата треба да му додели мандат на новиот мандатар. Согласно Уставот, претседателот е должен во рок од десет дена да го довери мандатот на партијата, односно партиите што имаат мнозинството во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена, од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата, стои во Уставот. 

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more
 

Вести

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе