Претседателот на Казахстан бара помош, вонредна состојба во целата земја

Кајгана/МИА
/ 05.01.2022 / 20:42

Претседателот на Казахстан, Касим Џомерт Токајев, изјави денеска дека апелирал до безбедносната алијанса поддржана од Москва за помош за справување со протестите низ државата.

„Денеска упатив апел до шефовите на државите на ОДКС (Организација на Договорот за колективна безбедност - Русија, Ерменија, Таџикистан и Узбекистан ) да помогнат на Казахстан во надминувањето на оваа терористичка закана“, рече тој на државната телевизија.

Токајев додаде дека „терористичките банди“ кои ги водат протестите „добиле обемна обука во странство“.

Осум полицајци и припадници на националната гарда на Казахстан загинаа и 317 се повредени во немирите во таа држава.

Демонстранти, вооружени со пушки и гранати во Алмати, ја демолираа претседателската резиденција, јавија локални медиуми. Резиденцијата е опожарена, а горат и околни згради, додека полицијата по истрели од огнено оружје ја напуштила зградата.

Вонредната состојба воведена во поранешниот главен град Алмати и западен Казахстан сега ја опфаќа целата земја, соопштија властите. Се воведува забрана за штрајкови, јавни собири, сообраќајни ограничувања, полициски час и строг режим за оружје, лекови, алкохол и зголемени полициски права за запирање и претрес.

Поради најмасовните протести од независноста на земјата пред 30 години, блокиран е интернетот, а прекинати се и плаќањата преку интернет и кредитните картички. Демонстрантите ги зазедоа најголемиот во Алмати и третиот по големина во Актау аеродроми во земјата, а авиокомпаниите ги откажуваат летовите за Казахстан.

По телевизиското обраќање на претседателот Токаjев со ветувања за најстроги мерки, редици за подигнување готовина имаш пред банкоматите, но и утрото имаше поплаки дека банкарските картички не се обработуваат.

Според локални медиуми продавниците за храна во Алмати почнале да примаат само готовински плаќања, некои компании за испорака на производи престанале да работат и не може да се повика такси. Финансискиот регулатор и Народната банка изутрината инсистираа финансиските институции да работат нормално, а доколку има прекини тие се поради интернет конекција. Во попладневните часови целосно беше исклучен интернетот, а со тоа и сајтовите на медиумите и институциите.

Во Алмати, поранешниот главен град на Казахстан, беше заземен од демонстрантите  најголемиот аеродром, при што патниците и персоналот беа евакуирани, а обезбедувањето  повлечено. Авиони не полетуваат и не слетуваат таму. Меѓународните летови за денеска и утре до Алмати почнаа да ги откажуваат Аэрофлот, Qatar Airways и кувајтската Jazeera Airways.

Протестите почнаа во неделата во провинцијата Мангистау, која произведува нафта во западен Казахстан, по укинувањето на прописите со кои беше ограничена цената на горивата. Сега според западни медиуми, протестите се и против власта на Токаjев. 

Казахстан денеска прогласи вонредна состојба на целата територија, откако ескалираа протестите. 

Претходно беше прогласена локална вонредна состојба во областите кои беа најмногу погодени од протестите: економската престолнина на Казахстан – градот Алмати, регионот Мангистау и главниот град на земјата Нур Султан.

Тагови
реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Свет

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Read more

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more
 

Вести

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе