Претседателот на Уганда го разреши својот син по заканите за инвазија врз Кенија

Претседателот на Уганда, Јовери Мусевени го разреши својот син Мухузи Кајнеругаба од местото командант на воените сили, соопшти денес армијата на Уганда.

Во соопштението со кое се најавува смена од позицијата командант на копнените сили, армијата објави дека Кајнеругаба од генерал-полковник е унапреден во генерал и дека ќе остане висок советник на претседателот за специјални операции.

Кајнеругаба постојано се закануваше на Twitter дека ќе изврши инвазија врз соседна Кенија, а исто така бараше и обединување на Кенија и Уганда . Откако неговите твитови предизвикаа реакција кај Кенијците на социјалните мрежи, истакна дека се шегувал.

Вчера на Twitter праша колку крави треба да даде на Џорџа Мелони, која се очекува да биде премиерка на Италија, за таа да ја прифати неговата брачна понуда.

„Веднаш би дал 100 крави за неа! Затоа што таа е бестрашна и вистинољубива“, напиша Кајнеругба на Twitter. 

Тагови
реклама

Свет

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Read more

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе