Прилеп бара дополнителни рестриктивни мерки, на Инфективното ќе ротираат матични лекари

Прилепскиот кризен штаб од главниот штаб во државава бара заострување и воведување дополнителни рестриктивни мерки.

Според прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, ситуацијата се оценува како влошена и крјано загрижувачка.

– Она што е особено загрижувачки и алармантно е дека во последните дваесетина дена драстично и рапидно се зголемува бројот на новозаразени, хоспитализирани и, за жал, починати лица. Со цел да ја превенираме и запреме ваквата застрашувачка тенденција на ширење на заразата, општинскиот кризен штаб од Главниот кризен штаб бара заострување на мерките и воведување дополнителни рестриктивни мерки, кои ќе се однесуваат на целата територија на Општина Прилеп, рече Јованоски.

Одговор се очекува за еден ден, а во меѓувреме се засилуваат локалните мерки, прво за помош на медицинскиот персонал во инфективното одделени, од утре таму ќе ротираат тимови од матичните лекари во две смени.

– Поради алармантната состојба и потребата од зголемен број  медински персонал во Инфективното оддление, Општинскиот кризен штаб го задолжува претседателот на Здружението на матични лекари од нашиот град, почнувајќи од утре па во наредниот период, да обезбеди по два тима, составени од доктор и медицинска сестра, кои ќе волонтираат по систем на ротација во втора и трета смена во Инфективното одделение. Едниот тим ќе работи од 14 до 22 часот, а вториот тим од 22 до 7 наутро. Ова е особено важно, затоа што постојниот медицински персонал во Инфективното одделение, е навистина исцрпен и со крајни сили и напори се бори со заразата и се грижи за секој пациент, изјави Јованоски.

Од утре 30-ина волонтерри на спасителната служба „Златоврв“ ќе се грижат за редот пред медицинските и другите институции, пред банките, а ќе асистира и полицијата. Пред тие локации и институции, општината повторно ќе ги обележи позициите за одржување дистанца во редиците, со поставување налепници „Стој овде“. Волонтерите ќе носат намирници и лекови во домовите на болни и изнемоштени лица, а се бараат и нови волонтери.

– Ги повикувам сите оние млади лица од нашиот град, кои се здрави или ја прележале болеста, кои би сакале да помогнат и да се приклучат на волонтерската служба, да се обратат на телефонските броеви: 073/333-800 и 073/333-900 кај одговорните лица за волонтерската служба при „Златоврв“, Сашо Јандрески и Дарко Неданоски. На истите контакт телефони може да се обратат и граѓаните на кои им треба помош, порача Јованоски.

Од почетокот на пандемијата во Прилеп се вкупно 2.766 заболени лица, а активни се 1.021 случаи. Во домашни услови се лекуваат 856 пациенти, 117 во болнички, а 48 во дневната болница. Досега битката со вирусот ја загубиле 125 прилепчани. Во последното деноноќие, по речиси еден месец, не е регистриран починат пациент.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more
 

Вести

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе