Прилеп одбележа 19 години од загинувањето на 10-те бранители кај Карпалак

Прилеп, 8 август 2020 (МИА) – Со положување цвеќе денеска напладне пред споменикот „Карпалак“ во центарот на Прилеп се одбележаа 19 години од загинувањето на 10-те прилепски бранители кои беа убиени во заседа на армискиот конвој со 120 воени резервисти на патот Скопје – Тетово кај месноста Карпалак.

Почит пред споменикот на загинатите искажаа членови на нивните семејства, делегации на претседателот на државата, на Владата предводена од министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, на Армијата и Генералштабот, на локалната самоуправа, на здруженија, политички партии и граѓани.

Според прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, иста е болката и денеска, 19 години по денот кога Прилеп загуби десетмина свои сограѓани. Јовановски порача да не се повторат сеништата од минатото.

-Десеттемина припадници на резервниот армиски состав ги вградија своите животи во зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет на нашата држава. Затоа имињата на Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски вечно ќе останат во колективната меморија на нашите сограѓани, но и на сите кои си ја сакаат татковината, рече Јованоски.

Здружението на бранители од Велес 19 години доаѓа во Прилеп да им оддаде почит на загинатите бранители.

– И по 19 години сме заборавени, најмногу, ете се чествува во прилеп, ама сите сме некако маргинализирани. Порачувам власта да не нѐ маргинализира и да не нѐ заборава, истакна претседателот  на Здружението, Драган Петрушесвски.

Одбележувањето беше со сите мерки за заштита. Чествувањата почнаа уште синоќа пред спомен обележјето во кругот на прилепскиот гарнизон „Мирче Ацев“, беа посетени спомен-обележјето во селото Лениште и манастирот „Света Петка“. Изутрината беа посетени и вечните почивалишта на 10-те загинати бранители на прилепските и на гробиштата во населените места, а во црквата „Света Петка“ во прилепската населба Точила се одржа панихида во спомен на бранителите.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Македонија

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Read more
 

Вести

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе