Примерен затвореник: Катица Јанева е библиотекарка во „Идризово“

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и годинава користела продолжен празничен викенд исто како и минатата година.

Новиот директор на затворот „Идризово“, Зоран Јовановски, за „Макфакс“ вели дека Јанева уредно се вратила во затворот и веќе ги извршува редовните затворски обврски.

„Не знам точно кога излезе, но постапи според она што ѝ беше дозволено и се врати во затворот. Од утрово веќе ги извршува тековните затворски обврски. Работи во библиотеката, библиотекарка е. Користи викенди и излези секогаш кога тоа го дозволува правилникот, работиме строго по него. Го добива она што ѝ следува во согласност со издржаниот дел од казната“, вели директорот Јовановски.

Затворската казна на Јанева ѝ истекува на 21.8.2026 година, но директорот Јовановски не ја исклучува можноста за помилување.

„Според она што го имаме како податок во моментот, дополнително проверував, таа треба да остане во затвор до 21.8.2026 година, тогаш ѝ истекува седумгодишната казна затвор. Но, тоа е само во овој момент оти Јанева има можност да биде помилувана, амнестирана. Не можам да зборувам за претходно, но откога јас сум директор, таа е примерен затвореник“, рече директорот Јовановски, кој на предлог на премиерот Димитар Ковачевски беше назначен за директор на 21 март годинава.

Некогашната шефица на Специјалното јавно обвинителство првпат искористи излез за празничен викенд за велигденските празници лани. Беше забележана како пазарува во супермаркет, а Управата за санкции, на барање на медиумите, објасни дека Јанева стекнала право да користи викенди токму на Велигден, на 23 април, оти издржала една третина од казната.

Јанева беше притворена на 21.8.2019 година, а во јуни 2020 година беше осудена на седум години затвор во случајот „Рекет“ за злоупотреба на службената положба и овластувањето. Заедно со неа на девет години затвор беше осудени Бојан Јовановски-Боки 13 за примање награда за противзаконско влијание и перење пари и Зоран Милески-Кичеец, кој за истото дело како и Јовановски призна вина и доби три години затвор.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе