Принцот Филип беше против разводот на Чарлс и Дијана: Никој со здрав разум не би ја оставил за Камила

А.С.
/ 09.04.2021 / 19:36

Британскиот принц Филип почина денеска на 99 години. Беше во брак со кралицата Елизабета 74 години и за тоа време играше клучна улога во англиската монархија.

Како татко на идниот крал Чарлс, и тој не остана имун на најголемиот скандал што ја потресе палатата во чиј центар беше неговиот најстар син.

Секако, тоа беше бракот на Чарлс со покојната принцеза Дијана што заврши неславно откако тој одлучи да се разведе од Дијана во 1992 година за да може се ожени со Камила Паркер-Боулс.

Писма откриени за јавноста во 2003 година утврдија дека принцот Филип тогаш застанал на страната на Дијана и го осудил неверството на неговиот син.

„Не можам да замислам дека некој со здрав разум би ја оставил Дијана за Камила“, напиша тогаш Филип.

„Признавам дека не сум талентиран за давање брачни совети, но Чарлс беше глупав кога ризикуваше сè со оглед на неговиот статус и позиција. Ниту јас, ниту кралицата не одобруваме некој од нив да има љубовник, односно љубовница“, нагласи тој.

Од писмото може да се заклучи дека принцот покажал сочувство кон Дијана и ѝ понудил да дејствува како посредник помеѓу неа и Чарлс.

Според Патрик Џефсон, тогашен приватен секретар на принцезата Дајана, поддршката од нејзиниот свекор многу ѝ значела.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more
 

Ново

  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе