Пристигна првата реакција на Русија по одлуката на ЕУ за забрана на руска нафта

Б.С.Б.
/ 31.05.2022 / 09:33

Претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел објави дека е постигнат договор за забрана на увоз на руска нафта.

Во шестиот пакет мерки санкции против Русија, ЕУ договори забрана за 90% од рускиот увоз на нафта во 27 земји до крајот на 2022 година. Челниците се сложија најголемата руска банка Сбербанк да ја исклучат од SWIFT системот и забранија емитување на уште три руски државни телевизии.

 Исто така, ќе има и санкции за луѓето одговорни за воените злосторства во Украина.

По најновите санкции на ЕУ, се огласи и најголемата руска банка, пишува Guardian.

Најголемата руска банка соопшти дека делува нормално и покрај исклучувањето од меѓународниот меѓубанкарски систем и санкцијата не ја менува моменталната ситуација со меѓународни трансакции, пренесе РИА Новости.

Во меѓувреме, рускиот постојан претставник при меѓународни организации во Виена, Михаил Улјанов, се огласи на Twitter по објавата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Како што вчера кажа самата таа, Русија ќе најде други увозници. Важно е да се спомене дека таа сега си противречи на нејзината вчерашна изјава. Многу брза промена на начинот на размислување укажува дека ЕУ не е во добра состојба“, напиша тој.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе