Приватните автобуски превозници бараат средба со премиерот

Приватните автобуски превозници, кои протестираат со блокада на булеварот „Илинден“ во Скопје, побараа прием кај премиерот Димитар Ковачевски.

Од друга страна, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи се изјасни против одземање на надлежностите на Град Скопје за автобускиот превоз во главниот град, оценувајќи дека тоа би значело враќање 20 години назад во процесот за децентрализација и би било на штета не само на граѓаните, туку и на целокупното функционирање на системот.

Претставникот на здружението на приватните превозници „Слобода превоз“, Ќемал Муриќ вчера изјави дека во услови кога немаат одговор од градоначалничката на Скопје Данела Арсовска на нивното барање за средба, се надеваат дека ќе бидат примени на разговор од премиерот Ковачевски, на којшто би станало збор за актуелната состојба со градскиот јавен превоз. Доколку не се оствари средбата, според него, можно е да се радикализираат протестите.

– Не знаеме кога ќе бидеме повикани. Тоа е на нив, во зависност од обврските на премиерот. Не сакам ни да помислам на тоа што би било доколку не не повикаат. Најверојатно ќе има радикализација на протестите, но сепак за тоа претходно треба да се состане координативното тело на приватните превозници и да ги договориме понатамошните чекори, посочи Муриќ, додавајќи дека градските власти не покажуваат никаков интерес да се обидат да ја решат состојбата.

Претставници на приватните автобуски превозници вчера одржаа средба со в.д. претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, кој порача дека е неопходно да се изнајде решение за нивниот проблем и дека Владата треба посериозно да се ангажира за овој случај.

– Загрижени сме за состојбата. Се работи за повеќе од 500 семејства кои неколку дена протестираат со блокирање на улици. Ова не е решение. Блокиран е главниот град на државата. Ме загрижува тоа што градоначалничката воопшто не комуницира со нив, а треба да се изнајде решение и мора да се изнајде решение. Јас се согласувам со еден предлог што го дадоа, евентуално да и се одземат ингеренциите и Владата да се ангажира сериозно во овој правец. Нема смисла пет месеци да не се исплатат и да се дојде до вакво дереџе, да не се седне и да не се разговара со нив, изјави Таравари.

Во однос на барањата за одземање на надлежностите на Град Скопје за јавниот превоз од страна на Владата, вицепремиерот Битиќи вчера во одговор на новинарско прашање порача дека Владата е секогаш тука за граѓаните, но дека проблемот со приватните автобуски превозници треба да го решат градските власти.

Според него, евентуалното одземање на ингеренциите на градските власти би претставувало враќање 20 години назад во процесот на децентрализација и влегување во суштински и системски промени на штета, не само на граѓаните на Скопје, туку и на целокупното функционирање на системот.

– Јавниот превоз во Градот Скопје е во ингеренции на Градот Скопје и по закон. Сметам дека Град Скопје треба да се одважи и конечно да седне да го решат проблемот. Ако не е возможно, ние докажавме дека секогаш сме тука за граѓаните. Го решивме проблемот со топлинската енергија, го решаваме проблемот со електричната енергија во целата држава и можеби ќе влеземе веќе во преговори, но тогаш ќе значи нешто друго – дали е тоа и одземање на ингеренции за Градот Скопје, влегување во суштински и системски промени, не знам, затоа што тоа е на штета не само на граѓаните на град Скопје, туку и на целокупното функционирање на системот, изјави Битиќи, додавајќи дека никој нема штета од разговори.

Приватните превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ започнаа со блокада на главниот град на 28 ноември кога со околу 30 автобуси на крстосницата кај ТЦ „Мавровка“, односно булеварите „Гоце Делчев“ и „Крсте Петков Мисирков“, побараа да им бидат исплатени долговите за да можат да почнат повторно со работа.

Откако немаше исход, приватните превозници на 5 декември оваа година со околу 200 автобуси поставија блокади на неколку главни точки во Скопје, односно на крстосниците пред ТЦ Мавровка, Црвен Крст, како и булеварот „Илинден“. Во петокот ги одблокираа крстосниците кај  Мавровка и Црвениот крст и останаа да протестираат само на бул. „Илинден“ во околината на Град Скопје.

реклама

Македонија

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Read more

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Read more

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Read more

Од полноќ пониски цени на горивата

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе