МВР соопшти дека денеска е приведен 25-годишен скопјанец за издржување затворска казна од 5 и пол години.
Во текот на денешниот ден, во 08:30 часот на ул.„Дижонска“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Р.Ј.(25) од Скопје.
За него била распишана централна потерница за издржување казна затвор од пет години и шест месеци.
Лицето ќе биде пренесено во казнено-поправна установа за издржување на казната.