Продолжен работниот век на жените во Швајцарија, ќе се пензионираат на 65 години

Со тесно мнозинство, Швајцарците се изјаснија за продолжување на старосната граница за пензионирање на жените на 65 години. Изјаснувањето е проследено со длабока поделеност меѓу кантоните на германското говорно подрачје кои се склони на реформата и другите кантони во таа земја.

За реформата гласале 50,6% од гласачите, покажаа конечните резултати објавени денес. Истовремено, иницијативата чиј исход требаше да биде забрана за интензивно одгледување добиток, е одбиена со 63% од гласовите.

Реформите на пензискиот систем во Швајцарија претходат по два неуспешни обиди во 2004 година и 2017 година.

Се очекува денешното изгласување на старосна граница да го „стабилизира“ швајцарскиот пензиски систем на осигурување кој е изложен на голем притисок поради раст на очекуваниот животен век.

Најспорниот дел од реформата подразбира жените, исто како и мажите, за целосна пензија да работат до 65-годишна возраст, што е една година подолго отколку што предвидува сегашниот пензиски систем.

Членки на Социјалистичката партија го оценија изгласувањето „не само како чекор наназад во поглед на еднаквоста, туку и како шлаканица за сите жени“ и за утре во Берн најавија протести на кои ќе се осудат резултатите од референдумот, пренесе AFP.

Тагови
реклама

Живот

Во еден час собрани 683.000 денари за граѓански иницијативи на донаторскиот кружок на Конект

Read more

Лето 2025: Кои се најевтините дестинации во Црна Гора?

Read more

Колку реално ќе ве чини летување во Турција?

Read more

Кое место во куќата е особено привлечно за змии?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Како вештачката интелигенција ја налути цела поранешна Југославија?

Читај повеќе
  • filter

Во еден час собрани 683.000 денари за граѓански иницијативи на донаторскиот кружок на Конект

Читај повеќе

Лекарка предупредува на знаци на инсулинска резистенција кои многумина ги занемаруваат

Читај повеќе

Лето 2025: Кои се најевтините дестинации во Црна Гора?

Читај повеќе

Пет додатоци во исхраната кои помагаат кога кортизолот е превисок

Читај повеќе

10 причини зошто пешачењето не ви покажува резултати

Читај повеќе

Научниците откриваат навика која може да ја врати биолошката возраст назад за 12 години

Читај повеќе

Што му предвидува големиот летен љубовен хороскоп на вашиот знак?

Читај повеќе
  • play_arrow

Микро тренинзи: Три брзи вежби кои го јакнат телото за неколку минути

Читај повеќе