Прогласување на лауреатите на Струшките вечери на поезијата и поетско читање по повод Светскиот ден на поезијата

НУМ „Струшки вечери на поезијата“, Македонскиот П.Е.Н Центар, Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) и  Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје денеска во просториите на универзитетската библиотека заеднички ќе ја одбележат 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов, како и Светскиот ден на поезијата - 21 Март.

Во рамки на програмата, ќе бидат прогласени добитникот на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2023 година, добитникот на наградата „Мостови на Струга“ за 2023 година, истовремено со свеченото прогласување на лаураетите на СВП во седиштето на УНЕСКО во Париз, во рамки на програмата на меѓународниот симпозиум во чест на јубилејот 100 години од раѓањето на Ацо Шопов.

По прогласувањето на лауреатите на Струшките вечери на поезијата, ќе бидат прочитани поетските посланија по повод Светскиот ден на поезијата од претставници на Македонскиот ПЕН центар и Друштвото на писатели на Македонија, по кои следува поетско читање од поети-членови на Македонскиот П.Е.Н Центар и на Друштвото на писатели на Македонија.

Во чест на јубилејот 100 години од раѓањето на Ацо Шопов, кој се одбележува во текот на целата 2023 година, ќе бидат прочитани песни од Ацо Шопов.

реклама

Олово, кадмиум и арсен се пронајдени во домат и крставица на македонскиот пазар

Read more

Протече нов нацрт договор од СЗО:„Светот мора да се подготви за нова уште посмртоносна пандемија“

Read more

Трагична несреќа кај Штип со три загинати лица

Read more

Цели семејства од Македонија одат на сезонска работа во Хрватска

Read more

Култура

Објавен конкурсот за наградата „Браќа Миладиновци“ во 2023 година

Read more

Објавена програмата за 57. МТФ Војдан Чернодрински

Read more

Објавена програмата за 11. Викенд на гордоста Скопје

Read more

Младите преведувачи повикани на работилницата за книжевен превод „Без фусноти“

Read more
 

Вести

Косовската претседателка откри детали од разговорот со Вучиќ: Негодуваше и се жалеше

Читај повеќе

Претпладне сончево, попладне со пороен дожд

Читај повеќе

Денеска затворен за сообраќај патот Велес – Градско поради асфалтирање

Читај повеќе

Трагична несреќа кај Штип со три загинати лица

Читај повеќе

Олово, кадмиум и арсен се пронајдени во домат и крставица на македонскиот пазар

Читај повеќе

Протече нов нацрт договор од СЗО:„Светот мора да се подготви за нова уште посмртоносна пандемија“

Читај повеќе

Германскиот пратеник Бистрон: „Признавањето на Косово беше грешка“

Читај повеќе

Паметна канта за отпадоци ги опоменува скопјани да не фрлаат отпадоци наоколу

Читај повеќе

Гужви и колони на „Богородица“ за влез во Грција

Читај повеќе