Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне со повремен локален дожд и ретки грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16°C.
Во Скопје променливо облачно, попладне во делови од котлината со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 16°C.
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Утре локални врнежи ќе има попладне и ќе бидат проследени со ретки грмежи. Во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а на планините врнежите ќе бидат од снег.