Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, особено во текот на ноќта.
Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 18°C.
Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 16°C.
В петок на повеќе места ќе има врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, особено во западните и јужните делови (над 20 л/м2). Ќе дува повремено силен ветер од јужен правец (над 60 км/час). За време на викендот времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност.