Според билтенот на МВР, во изминатите 24 часа се пронајдени две починати лица во Скопје, станува збор за жена пронајдена мртва во викендичка во село Раштак, а на пазарот во Чаир пронајдено е починато лице.
На 11 април во 9:44 часот во СВР Скопје било пријавено дека во викенд куќа во село Раштак, скопско била пронајдена почината В.Л. (71).
Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.
На истиот ден, во 10:12 часот во СВР Скопје било пријавено дека на пазарот во скопската населба Чаир има починато лице.
Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека станува збор за Љ.К. (63) од Скопје.
Екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.