„Прв до врв“ организира виртуелни трки на Водно и во трчање

Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје почна со реализирање на две виртуелни трки, Виртулен Прв до врв и Virtual Spring Run, како замена за традиционалните трки, што се стопирани заради актуелната пандемија.

Како што соопштија денеска организаторите, Виртуелен Прв до врв е натпревар идентичен на редовниот настан, по истите патеки на Водно и истите дисциплини во трчање, планински и друмски велосипедизам, со единствена разлика што секој учесник индивидуално ја одржува својата спортска активност во согласност со пропишаните мерки за физичка дистанца, а оствареното време влегува во заедничкото рангирање со останатите учесници.

Посочуваат дека настанот ќе трае од 1 до 31 мај, по што ќе бидат прогласени победниците кои оствариле најдобри времиња.

- Virtual Spring Run е пролетна лига во трчање која ќе се одржува седум недели (кола) почнувајќи од 4 мај, па до 21 јуни. Учесниците ги имаат на располагање дисциплините на 5.000 метри, 10.000 метри и полумаратон. Остварениот резултат и рангирање носи соодветен број на бодови, чиј збир на крајот од лигата ќе ги даде победниците, поточно оние кои освоиле најголен број бодови. Секоја дисциплина се рангира посебно. И тука, секој учесник ја реалозира својата спортска активност индивидуално и со почитување на пропишаните мерки за избегнување на групирање, информираат од здружението.

Мерењето на времето, како што наведуваат, е со користење на бесплатната апликација Strava, чии податоци автоматски се преземаат од платформата на „Прв до врв“. Секој учесник може да оствари повеќе активности во секоја од дисциплините, во било кое време во деновите додека траат настаните, а најдобриот резултат ќе биде земен предвид при рангирањето.

Здружението појаснува дека пријавувањето за трките е преку веб-страницата www.prvdovrv.mk, а ајдобрите во трките ќе бидат наградени на традиционален начин, со златен, сребрен и бронзен медал.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Култура

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Read more

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Read more

Распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе