Првиот iPhone на преклоп дури во 2025 година, но би бил изгор скап

Првиот iPhone на преклоп се очекува најрано во 2025 година, по преклопливиот iPad кој пристигнува во 2024 година.

Таблет на преклоп има повеќе смисла кај Apple отколку паметен телефон на преклоп во моментов, и има неколку причини за тоа. Како прво, iPhone на преклоп би бил неверојатно скап за да не ги канибализира другите модели, а истражувачката компанија CCS Insight проценува дека цената може да биде најмалку 2.500 долари.

Покрај тоа, постојат шанси првиот свитлив уред на Apple да има технички проблеми, па компанијата не сака да ризикува со својот најважен производ, а тоа е iPhone.

Исто така, воведувањето на механизам за преклопување треба да вдахне нов живот во линијата на iPad.

Многу извори и патенти укажуваат на фактот дека Apple истражува уреди на преклоп и дека е само прашање на време кога ќе претстави свој, без разлика дали станува збор за телефон или таблет. Исто така, јасно е дека овој уред на преклоп ќе биде многу скап.

Таблет на преклоп би можело да биде многу привлечна опција за клиентите бидејќи е нешто што другите компании сè уште не го нудат. Доколку Apple лансира iPad на преклоп во 2024 година, најверојатно ќе биде една од првите компании што ќе понуди таков уред, што значи дека нема да има многу ривали.

Исто така, линијата iPad има потреба од нови идеи повеќе од iPhone. Оваа година Apple воведе нов дизајн со објавувањето на iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max со нови форми на интеракција засновани на Dynamic Island кој го замени „забот“ претставен во 2017 година, меѓутоа, iPad Pro како најзначаен промена има нов процесор кој е доста „досадна“ надградба.

Сепак, iPad-ите се меѓу најдобрите таблети денес, но Apple мора порано или подоцна да ги „измеша картите“ за да ја задржи својата позиција на пазарот.

Тагови
реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Мобилни

Tи се игра „змија?“

Read more

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Read more

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Read more

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Фрчат критики за новата реклама на Apple: Немате почит!

Читај повеќе

Научниците открија нова функција на малиот мозок

Читај повеќе
  • play_arrow

Нова теорија за тоа што ја предизвика имплозијата на подморницата Титан на пат до потонатиот Титаник

Читај повеќе

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Како хибридното дете на човек и неандерталец ја промени човечката историја?

Читај повеќе

Бизарен извештај на ЦИА од 1983 за менувањето димензии со умот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како се креира содржина во поновите верзии на Microsoft Word?

Читај повеќе

TikTok ја тужи Белата куќа: Си го кршат сопствениот устав, ќе замолкнат 170 милиони Американци

Читај повеќе

Tи се игра „змија?“

Читај повеќе