Првпат по 11 години Меркел не е меѓу највлијателните жени според Forbes

Кајгана/МИА
/ 07.12.2021 / 20:31

Првпат по 11 години, германската канцеларка во заминување Ангела Меркел не се најде на врвот на листата на 100 највлијателни жени во светот, составена од американскиот магазин Forbes.

Меркел не е на врвот на ранг-листата првпат од 2010 година и третпат од 2004 година. Оваа година Меркел воопшто не е вклучена во ова рангирање.

Првото место годинава припадна на Мекензи Скот, поранешната сопруга на милијардерот Џеф Безос. Според Forbes, дека нејзиниот придонес во хуманитарни цели се проценува на повеќе од 8,5 милијарди долари. Дополнително, непрофитните организации на кои Скот им донира средства имаат целосна контрола врз тоа како да ги користат донациите.

Втора на листата е потпретседателката на САД, Камала Харис. Таа е првата жена и првата Афроамериканка потпретседател на САД.

Трета е претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, која до 2019 година беше на чело на Меѓународниот монетарен фонд. Таа е првата жена на овие позиции.

Оваа година, 100-те највлијателни жени во светот ги вклучуваат претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, претседателката на американскиот Претставнички дом Ненси Пелоси, британската кралица Елизабета Втора, како и тенисерката Серена Вилијамс и пејачките Бијонсе и Тејлор Свифт. 

реклама

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе