Првпат снимен огромниот имот на Путин изграден на прагот на НАТО

Истражувачите на центарот Dossier успеале да го снимат тајниот имот на Путин во Карелија, република во северозападниот дел на Русија, долж границата со Финска, која е членка на нато од април, 2023 година.

Ова е прв пат имотот да биде детално фотографиран откако започна неговата изградба пред 10 години.

„Тајната северна резиденција на Путин во Карелија навлегува во сè повеќе заштитени подрачја, а нејзината територија е веќе двојно поголема од Монако“, напиша Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина, на X.

URL

За „Путиновата дача“ во Карелија се знае од 2016 година, но до сега немаше детални фотографии и видеа. Неговите пријатели милијардери од Санкт Петербург, меѓу кои беше и Јуриј Ковалчук, почнаа да ја градат резиденцијата пред повеќе од десет години. Мештаните велат дека Путин овде се појавува барем еднаш годишно, по посетата на манастирот Валаам.

Според објавените документи, површината на резиденцијата е околу 1 квадратен километар, но земајќи ги предвид затворените шуми и заливи, вистинската површина е околу четири квадратни километри.

Дали го штити Pancir-S1?

Водопадот Марџалахти, кој е висок четири метри, треба да биде дел од националниот парк, но пристапот до него е ограничен со ограда со бодликава жица и деноноќно обезбедување. Наспроти водопадот беше поставен видиковец за „сопственикот на водопадот“ да може сам да му се восхитува на бисерот на националниот парк, напиша Герашченко.

Во околината има три градби - колиба за рибари, штала и градина. Но по изглед не личат на колиба или штала, туку се изградени во модерен стил. Во близина на една од куќите има насип кој бил изграден по почетокот на војната. Новинарите претпоставуваат дека за заштита на Путин таму бил инсталиран противвоздушниот систем Pancir-S1.

Remote video URL
реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Свет

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Read more

Фицо опериран, се очекува да преживее - министрите ги обвинија новинарите за атентатот

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата

Read more
 

Вести

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе

Запленети 4,8 килограми злато при влез на автобус на ГП Богородица

Читај повеќе

Левица: Изборниот систем сите нè краде, скратени сме за најмалку два мандата

Читај повеќе

Обвинителството анализира докази за Палчо кои не може да бидат споделени со јавноста

Читај повеќе

По атентатот на Фицо: Закани до Вучиќ дека тој ќе биде следната мета

Читај повеќе

Зајкова: Забрзана ЕУ-интеграција е клучот за иднината на Македонија

Читај повеќе

Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите од договорот од Преспа

Читај повеќе

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Читај повеќе

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Читај повеќе