Путин го предизвика Бајден на дуел

Рускиот претседател Владимир Путин му предложи на американскиот претседател Џо Бајден да ја продолжат дискусијата, но под услов да биде јавно, онлајн.

Како што наведе тој, „ова ќе биде интересно за жителите на САД и Русија“.

„Имам идеја. Минатиот пат претседателот Бајден иницираше телефонски разговор. Сакам да му предложам на претседателот Бајден да ја продолжиме нашата дискусија, но под услов тоа да го направиме онлајн. Без никакви одложувања, туку искрено во отворена и јавна дискусија. Ми се чини дека тоа ќе биде многу интересно за жителите на Русија и САД, но сега и на жителите на други земји, рече рускиот лидер за телевизијата Russia-24.

Тој предложи дискусијата да се одржи утре или во понеделник.

„Не би го одолговлекувал состанокот, за викенд сакам да одам во тајгата за да се одморам малку, така што разговорот би можело да се одржи утре или во понеделник. Ние сме подготвени во кое било време што им одговара на Американците, а сега ќе дадам упатство и на Министерството за надворешни работи“, прецизираше рускиот лидер.

За потсетување, во интервју Џо Бајден на прашањето дали смета дека рускиот претседател е убиец, тој одговори „Да, го мислам тоа“.

Рускиот претседател Владимир Путин, пак, реагирајќи на изјавата на американскиот претседател Џо Бајден, на американскиот лидер му посака добро здравје.  

Путин во врска со острите изјави на американскиот претседател рече дека сите ги гледаат другите онака како што се проценуваат себе.

„Ако гледаме пошироко на таа тема, во историјата на секој народ, секоја држава има многу тешки, драматични и крвави настани. Но, кога ги оценуваме другите или дури и кога ги проценуваме другите држави, другите народи, како секогаш да се гледаме во огледало. Секогаш таму се гледаме себеси. Бидејќи секогаш на другиот го префрламе тоа што самите го чувствуваме, тоа што сме во суштина“, нагласи Путин.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе