Путин има сè помалку сојузници: Сакам да ги подобрам односите со талибанците

Рускиот претседател Владимир Путин за време на посетата на Душанбе во Таџикистан изјави дека неговата земја сака да ги подобри односите со талибанците.

„Правиме сè за да обезбедиме нормализирање на ситуацијата во земјата и се обидуваме да изградиме врски со политичките сили кои ја контролираат ситуацијата“, рече Путин, пренесе агенцијата Интерфакс.

Иако талибанците сè уште не се меѓународно признаени, тие владеат со голем дел од Авганистан од летото 2021 година, откако американската војска се повлече од земјата по повеќегодишна војна.

И покрај тоа што во Русија официјално се сметаат за терористичка организација, делегацијата на Талибанците присуствуваше на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.

Посетата на Путин на Таџикистан, поранешна советска република, е негово прво патување во странство откако руските сили ја нападнаа Украина кон крајот на февруари. За време на разговорите со таџикистанскиот претседател Емомали Рахмон, рускиот претседател се осврна на „споделената одговорност“ за стабилноста во регионот. Русија има воена база во Таџикистан.

Денеска Путин патува за Туркменистан, уште една поранешна советска земја во регионот.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Свет

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Read more

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе