Путин на Twitter следи само 22 профила, за кои имиња станува збор?

Официјалниот Twitter профил на рускиот претседател следи само 22 профила, што е прилично интересно. Уште поинтересно е кои имиња се наоѓаат на листата.

Некои профили кои Путин ги следи нема никого да изненадат, како на пример што се платформите RT и Sputnik, како и Министерството за надворешни работи на Русија. Но, меѓу оние кои ги следи Путин се профилите на Арнолд Шварценегер, Илон Маск, Барак Обама, Јенс Столтенберг и Борис Џонсон.

Вонредниот професор од Универзитетот во Мелбурн Вилијам Партлет се обиде да ја објасни ваквата листа. Верува дека со профилот на Путин најверојатно управуваат неговите соработници, но и тој самиот.

„Повеќето луѓе се склони да мислат дека тој не минува време на интернет, а ако го минува, тоа е многу малку време. Проблемот со инвазијата на Украина е тоа што тој е толку изолиран од информации па веруваше дека инвазијата ќе биде готова за два до три дена, а сега веќе влегуваме во четвртата недела“, вели Партлет за news.com.au.

Иако другите платформи како Facebook и Instagram се повеќе популарни од Twitter во Русија, Twitter се користи како дел од информациската стратегија на Кремљ.

„Според нивното сфаќање, Twitter го користат луѓе од Западот за објавување информации. Очигледно е на англиски јазик, па не е толку фокусиран на руската заедница. Колку што гледам, профилот на Путин е само начин за исфрлање информации“, смета Партлет.

Преку Twitter се обидуваат да видат колку можат да влијаат на Западот, а со следењето на Маск и западните политичари се настојува да се прикаже полегитимно на западната публика, смета професорот.

URL
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе