Путин: На земјите кои ја ограничија цената на руската нафта им се забранува испорака од 1 февруари

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша указ со кој се забранува испорака на руска нафта за земјите кои воведоа ценовни ограничувања на нафтата и нафтените деривати.

Во документот, кој е објавен на порталот за правни информации, се наведува дека испораките на руска нафта се забранети доколку во договорите директно или индиректно е наведено ограничување на цената.

Забраната за испорака на нафта ќе стапи во сила на 1 февруари 2023 година и ќе важи до 1 јули следната година, а датумот на забраната за испорака на нафтени деривати ќе го одреди руската влада, се вели во документот.

Според декретот, Путин може да даде посебна дозвола за испораки на нафта и нафтени деривати без оглед на ценовната граница.

Ограничувањето на цената на руската нафта од 60 долари за барел што го договорија ЕУ, Г7 и Австралија стапи во сила на 5 декември, како и ембаргото за увоз на руска нафта во ЕУ, со неколку исклучоци.

Одлуката за ограничување на цената на руската нафта на 60 долари за барел овозможува таа да се продава на трети земји користејќи танкери на земји од Г7 и ЕУ, нивните осигурителни компании и кредитни институции, но само ако нафтата се продава по цена под 60 долари за барел.

реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Свет

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата

Read more

Први снимки по обидот за убиство врз премиерот на Словачка

Read more

Путин објасни зошто пропаднале мировните преговори со Украина

Read more
 

Вести

Жена физички нападната од возачот на автобус на ЈСП

Читај повеќе
  • play_arrow

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Читај повеќе

Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата

Читај повеќе

Се очекува промена во Законот за семејство по пресудата за Митровска која ги бараше биолошките родители

Читај повеќе
  • play_arrow

Први снимки по обидот за убиство врз премиерот на Словачка

Читај повеќе

Путин објасни зошто пропаднале мировните преговори со Украина

Читај повеќе

Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор од говорницата во собранието

Читај повеќе

Атентат врз премиерот на Словачка, се бори за живот

Читај повеќе

Која е цената што Си Ѓинпинг е подготвен да ја плати за војната на Путин?

Читај повеќе