Путин од Црвениот плоштад: Поведена е вистинска војна против нашата татковина

Макфакс
/ 09.05.2023 / 10:47

Во Москва се одржува воена парада по повод 78-годишнината од победата над фашизмот, а на парадата на Црвениот плоштад присуствува и претседателот на Русија, Владимир Путин.

Откако Шојгу го поднесе својот извештај, Путин застана на говорницата и ги поздрави војниците, гостите и граѓаните, јавуваат светските медиуми.

„Денес цивилизацијата повторно е на пресврт, започна вистинска војна против нашата татковина, но ние ќе ја обезбедиме нашата безбедност“, рече Путин.

Тој додаде дека Русија се залага за мирна и стабилна иднина.

„Секакви идеологии за супериорност се недозволиви“, рече Путин.

„Западните елити зборуваат за својата ексклузивност, си играат со луѓето и предизвикуваат крвави конфликти, сеат русофобија и агресивен национализам“, изјави првиот човек на Русија.

Како што истакна, „Западот заборави кој го победи монструозното глобално зло“.

Според Путин, „Украинците станаа заложници на криминалниот режим, преговарачки инструмент во нивните сурови и платенички планови“.

Тој го обвини Западот дека предизвикува конфликти и револуции, уништувајќи ги вредностите.

„Ние одиме по стапките на нашите претходници. Горди сме на нашите војници, оние што се борат на линијата на фронтот“, рече тој и додаде дека од нив зависи иднината на земјата и на народот.

„Нема ништо на светот посилно од нашата љубов кон татковината. Да живее Русија, нашата армија, победата“, го заврши својот говор Путин.

На парадата присуствуваат и лидерите на Белорусија, Киргистан, Таџикистан, Узбекистан, Ерменија и Казахстан.

Низ плоштадот ќе продефилираат единици на вооружените сили на Руската Федерација, единици на Националната гарда, Федералната служба за безбедност, Министерството за вонредни ситуации и други структури.

Познато е дека на парадата, како и пред една година, ќе присуствуваат единици вклучени во руската воена операција во Украина. 78-годишнината од победата во Големата патриотска војна ќе се слави во сите руски региони, пренесе агенцијата ТАСС.

Remote video URL
реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Свет

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Read more

Фицо опериран, се очекува да преживее - министрите ги обвинија новинарите за атентатот

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата

Read more
 

Вести

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе

Запленети 4,8 килограми злато при влез на автобус на ГП Богородица

Читај повеќе

Левица: Изборниот систем сите нè краде, скратени сме за најмалку два мандата

Читај повеќе

Обвинителството анализира докази за Палчо кои не може да бидат споделени со јавноста

Читај повеќе

По атентатот на Фицо: Закани до Вучиќ дека тој ќе биде следната мета

Читај повеќе

Зајкова: Забрзана ЕУ-интеграција е клучот за иднината на Македонија

Читај повеќе

Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите од договорот од Преспа

Читај повеќе

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Читај повеќе