Путин со порака до колегите: Оставете го алкохолот, почнете да спортувате

Б.С.Б.
/ 01.07.2022 / 09:04

Откако лидерите од Г7 претходно неделава ја исмеаја склоноста на рускиот претседател Владимир Путин да позира гол на фотографии, тој одлучи да им го возврати ударот.

Путин сугерира дека неговите колеги „мора да престанат со алкохолот и да почнат повеќе да се занимаваат со спорт“.

Во текот на прес-конференција во Туркменистан тој изјави:

„Не знам дали сакаат да се соблечат до половина или под струкот, но мислам дека во секој случај тоа би било одвратна глетка“.

Повикувајќи се на рускиот поет Александар Пушкин, додаде дека се сложува со тоа дека „можете да бидете паметна личност и да размислувате за убавината на своите нокти“, а потоа продолжи:

„Се во човекот треба да биде складно, и душата и телото. За да се постигне таа рамнотежа мора да се откажете од алкохолот, лошите навики и почнете да вежбате, да се занимавате со спорт“, објасни Путин.

Тој истакна дека споменатите колеги ги познава лично и дека моментално нема најдобар однос со нив.

„И покрај тоа, сите тие се лидери што значи дека имаат карактер. И ако сакаат сигурно ќе го постигнат посакуваниот напредок“, заклучи рускиот лидер.

Путин не се срами во јавност да го покаже своето тело разголено, а неколку пати е фотографиран како без маица јава коњ, носи ловечка пушта или оди на риболов.

Споменатите фотографии беа тема и на самитот на Г7 во Германија, кога британскиот премиер Борис Џонсон се пошегува на сметка на Путин.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе