Работи кои треба да ги знаете ако сте во врска со Скорпија

Скорпијата неправедно ја бие лош глас. Луѓето се плашат од неа бидејќи најчесто ја замислуваат како љубоморен, посесивен знак, но може да стане таков ако некој ја предаде или издаде.

Ако е среќна и задоволна во врската, Скорпијата е верен и доверлив партнер со кој може да изградите хармоничен живот.

Кои работи треба да ги знаете за овој хороскопски знак, ако сте во врска со Скорпија?

Никогаш немојте да ги лажете

Исклучително се интелигентни, имаат развиена интуиција и умеат да ве прочитаат како отворена книга. Финтата со Скорпијата е што не се меша во начинот на кој живеат или работат другите, но ако се обидете да ги наместите за нешто или неправедно да ги обвините, тоа нема да ви го простат.

За нив лагата е измама и сметаат дека ја навредувате нивната интелигенција ако се обидете да ги измамите во нешто, па нема лесно да преминат преку тоа.

Не ги правете љубоморни

По природа, Скорпиите се посесивни и сакаат да му дадат до знаење на партнерот дека тој им е сѐ во животот. Не можат да ја поднесат помислата ако нивниот сакан погледне во некој друг, а да не зборуваме за нешто повеќе. Кога Скорпијата е љубоморна, целосно е обземена од тоа. Сомнежот ја јаде и во моменти на слабост може да го провери мобилниот на партнерот или да го следи на социјалните мрежи.

Сето ова може лесно да се избегне ако ѝ докажете на Скорпијата дека може да ви верува.

Не сакаат премногу прашања

Си ја цени приватноста, па затоа не сака и избегнува премногу прашања. Ги смета како напад на нејзината личност и приватност. Има двојни критериуми бидејќи Скорпијата мора да знае сѐ за вас, но не кажува што таа мисли или чувствува.

Го сакаат сексот

За нив се смета дека се опседнати со секс, не можат да бидат задоволни ако во врската нема страст. Обично си заминуваат од таквиот однос или бараат нешто на страна. Среќна Скорпија е онаа која има возбудлив сексуален живот, па затоа потрудете се секогаш да биде сексуално задоволена.

Сака време за себе

По природа Скорпиите се интроверти, неопходно им е да минат малку време сами и во мир за да ги наполнат батериите. Сакаат долго време да минат сами со мислите или во нивните хоби активности.

Ако сте во врска или брак со Скорпија, покажете ѝ дека ја сакате и дека може да ви верува. Тие можат да бидат најдобрите партнери ако се чувствуваат сакано и безбедно со вас, но и најлоши ако почувствуваат дека не ги цените или ги занемарувате.

Со нив ништо не е половично, веројатно затоа врската со Скорпија е толку возбудлива.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Љубов и секс

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе