Работнички се раздели со Гоце Седлоски и го замени со Горан Станиќ

Филип Здравески
/ 02.04.2024 / 09:11

По 4 и пол месеци заврши соработката меѓу ФК Работнички и тренерот Гоце Седлоски, соопшти денеска клубот од Дебар Маало кој експресно најде замена во Горан Станиќ.

„ФК Работнички спогодбено се раздели со досегашниот шеф на стручниот штаб, Гоце Седлоски. Со него заминуваат и неговите соработници, Тони Мегленски и Сашко Поповски. Клубот им се заблагодарува за посветеноста и професионалноста и им посакува сѐ најдобро во понатамошните кариери“, известија „Романтичарите“.

Работнички сезонава се мачи, и покрај многуте засилувања грчевито се бори за опстанок, а и двапати загуби во градското дерби со Вардар.

Седлоски на кормилото застана на 14 ноември 2023 и го водеше клубот на 12 лигашки натпревари на кои забележа само 2 победи (над Брегалница и Брера Струмица), 2 ремија (со Струга и Гостивар) и дури 8 порази. Седлоски не успеа да го реши психолошкиот проблем на своите играчи кои под негово водство ги загубија сите натпревари на гостински терен.

Изминатиов викенд Работнички со Седлоски на клупата загуби на гостувањето кај Брера Струмица со 2:1 иако водеше со 0:1, што се чини ја прели чашата кај управата.

Со 8 кола до крајот, Работнички има само 3 бода предност пред зоната за испаѓање и бод пред местото што води во баражот. Пожарот треба да го гаси Горан Станиќ, кој веќе денеска ќе го одржи првиот тренинг. Негови асистенти ќе бидат Баже Лазаревски и Бојан Марковски, а тренер на голманите останува Матеј Миленков. Прв предизвик за Станиќ, патем поранешен играч на Работнички, ќе биде Воска Спорт на гости. Пред назначувањето на Седлоски токму Станиќ беше в.д. тренер и го водеше тимот на два натпревара, а и двата ги доби. Доаѓа од српски Чукарички каде беше помошник. Претходно беше селектор на македонската реопрезентација до 19 и до 17 години.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фудбал

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе