Работнички со премиерлигашка презентација на новите дресови

Филип Здравески
/ 06.08.2023 / 12:34

Клубот од Дебар Маало има нови дресови за претстојната сезона која Работнички ќе ја почне утре, а презентацијата ја направи во интересен стил во својот дом  во Градскиот парк.

„Природа, страст, триумф“, е мотото со кое е претставена новата опрема на Работнички. „Романтичарите“ ќе носат црвено-бела варијанта, а како резервни опции ги имаат белата и сината боја. Голманскиот комплет е е дреч жолта боја.

Домашниот дрес е оној што привлекува најмногу внимание. Работнички одамна немал дрес со вертикални линии, а токму таков ќе носи сезонава на домашните натпревари.

Како што доликува, дресовите се персонализирани, односно освен број секој играч на дресот го има и своето презиме. Единствена замерка е што презимињата се на латиница - многу подобро би било доколку се на кирилица.

Херојот од Дебар Маало летово донесе повеќе квалитетни засилувања и веќе се вбројува меѓу кандидатите за висок пласман. Редовите на „Црвените“ ги засилија Мевљан Мурати (Шкендија), Петар Петковски (Конкордија, Романија), Влатко Стојановски (Септември, Бугарија), Содик Антони Рашид (Скопје), Томче Гроздановски (ВиОн, Словачка), Егзон Белица (Приштина, Косово) и Кристоџеј Дејли (Харбор Вју, Јамајка).

Новата сезона Работнички ќе ја отвори в понеделник од 17 часот против силниот локален ривал Шкупи. Поради лошиот терен на арената „Тодор Проески“, дуелот мораше да биде преместен на „Борис Трајковски“ во населбата Маџари.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фудбал

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе