Радев: Во моментов сме во состојба на вето за Северна Македонија

„Во моментов сме во состојба на вето. Со решението што успеавме со голем труд да го вметнеме во преговарачката рамка, преговорите ќе започнат дури откако Бугарите ќе влезат во уставот на нашиот сосед. Тие сѐ уште не се впишани и преговорите не се започнати. Тоа е состојба на вето“, изјави бугарскиот претседател Румен Радев пред состанокот на Европскиот совет во Брисел, одговорајќи на новинарско прашање за последните случувања во односите меѓу Софија и Скопје и дали Бугарија планира ново вето.

Темата за Северна Македонија не е на дневен ред на советот, но Радев вели дека ќе ја иницира.

– Ќе ја искористам можноста да го покренам прашањето за зголемената агресија и ескалирачката антибугарска кампања во Република Северна Македонија, што веќе води до престапи од омраза - подметнување пожар, пукање во нашите културни клубови, физичко насилство врз македонски Бугари и бугарски државјани. Ќе ги повикам моите колеги на поголема солидарност и ангажираност. Со истата енергија како што бараат од нас забрзување на процесот на евроинтеграцијата на Република Северна Македонија, ЕУ да наложи мониторинг и гаранција за почитување на правата на македонските Бугари, изјави Радев.

Софија, како што посочи, морала со две последователни вета за Скопје да им го објасни на европските партнери проблемот со правата на Бугарите во Република Северна Македонија.

Тој очекува категорична институционална реакција од македонските власти за откривање и санкционирање на сторителите, но вели дека во моментов не гледа таква политичка волја во Скопје, а тоа, според него, само ги продолжува проблемите.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе