Рама ја обвини Русија дека стои зад протестите во Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама обвини дека Русија се крие зад протестите во неговата земја, нарекувајќи ги граѓаните кои учествуваат на нив „нејзина алатка“.

– Пред два дена ми дојде порака од некого во Брисел. Дали имате информации кој стои зад овие протести во Тирана, зашто нормално е да се врши притисок врз албанската Влада која е дел од НАТО и де факто против Русија. Како можете да станете туѓа алатка правејќи го овој срамен чин. Да сум арогантен човек зошто би бил во комуникација со вас?! Ова го правам затоа што на оваа задача сум со голема страст, да ја работам оваа работа што е можно подобро и со многу високо чувство на одговорност кон оние кои ме ставија овде – огромното мнозинство Албанци. Нема ништо позначајно од ова за мене, рече Рама во комуникација во живо со граѓани на Facebook.

Додаде дека единственото нешто што го вознемирило од протестот е директното нарушување на достоинството на албанската нација.

– Па и 300 пати да беа побројни овие протести, даноците на горивата не можеа да се укинат. Но, мене нешто друго ме загрижува, а тоа е директното нарушување на нашето достоинство како нација, како народ, како држава, како општеството. Албанци, сфатете дека од оваа реакција можат да уживаат само оние кои ја промовираат, а тоа се оние кои се во Кремљ, рече Рама.

Според него, демонстрантите ја срамат Албанија во очите на Европа и светот, бидејќи тие се единствените кои протестираат во ова време на криза.

Во Тирана и повеќе градови во земјата вчера попладне беа одржани протести, шести ден по ред, на кои до Рама беше поставен ултиматум доколку до петок не ги исполни нивните барања да си поднесе оставка.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Регион

Српската полиција критикувана за случајот Данка: Ова е сериозен скандал

Read more

Радев: Набргу ќе се знае дали ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска ќе работат за европската перспектива на Скопје

Read more

ДНК на малата Данка не била пронајдена на автомобилот со кој била удрена

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more
 

Вести

Каталонија гласа, цела Шпанија се тресе

Читај повеќе

Протести во Израел: Владата нема поим што прави

Читај повеќе

Сопружници нападнати од роднини во Аеродром поради имотно прашање

Читај повеќе

Скопјанка во Гази Баба ја нападнала својата потстанарка

Читај повеќе

Маж од Чаир физички ја нападнал вонбрачната партнерка

Читај повеќе

Променливо време со температури до 26°C

Читај повеќе

Денес свечено примопредавање на претседателската функција

Читај повеќе

Доларот зајакна во однос на повеќето други валути

Читај повеќе

Скопјанец физички нападнал жена, па бил агресивен кон полицајците

Читај повеќе