Рама се закани со нови рестриктивни мерки по зголемениот број новозаразени

Премиерот на Албанија, Еди Рама, преку порака на Facebook, се закани дека повторно ќе воведе забрана за движење по наглото зголемување на бројот на нови случаи на заразени со новиот коронавирус.

Рама оцени дека зголемувањето на бројот на новозаразени е последица на фактот што граѓаните ги игнорираат препораките на здравствените власти за заштита.Тој ги повика Албанците да ги почитуваат правилата на социјално растојание и да носат маски и ракавици.

Рама нагласи дека владата може да воведе рестриктивни мерки.

„Бројот на заразените гледате расте, исто така се зголемува и бројот на оние кои се лекуваат болнички. Она што е најзагриужувачко е дека доколку трендот на новозаразени продолжи вака, не само што може да ни донесе големи штети по човечките животи и здравјето на секого, туку може да нѐ врати назад да се затвориме сѐ до пронаоѓањето на вакцината“, вели Рама.

Поради вирусот во Албанија, границите беа затворени околу два месеца, како и рестораните, кафулињата и другите места за собирање. Ограничувањата беа олеснети пред повеќе од две недели, а во претходните три дена беше регистриран остар скок на бројот на потврдени инфекции.

„Економијата паѓа и расте. Мртвите не можат да оживеат“, рече Рама во видео пораката на Facebook.

Албанија има регистрирано 1.385 регистрирани случаи на инфекција и 35 смртни случаи од коронавирусот.

реклама

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more
skopski-maraton-2014-niz-fotografii_121829.jpg

Изменет сообраќаен режим поради утрешниот Скопски маратон

Read more

Регион

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Read more

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more
 

Вести

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе