Рамиз Мерко на црната листа на САД

САД го ставија градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко, на така наречената црна листа, со што го означија како генерално неподобен за влез во Соединетите Држави, поради неговата вмешаност во значителна корупција.

„Додека ја извршуваше функцијата градоначалник на Струга, Мерко присвои средства и се мешаше во судските и другите јавни процеси, нанесувајќи ѝ штета на вербата на јавноста во демократските институции и функционери на Северна Македонија“, соопштија од Стејт департментот.

Тие посочуваат дека со ова се испраќа порака до Македонија за зајакнување на демократските институции и решавање на недостатоците во владеењето на правото.

„Ова ја потврдува посветеноста на Соединетите Држави за борба против корупцијата, која му штети на јавниот интерес, го попречува економскиот просперитет на земјите и ја намалува способноста на владите ефикасно да одговорат на потребите на својот народ“, додаваат од САД.

Работата на Мерко ја истражуваше А1он. Тогаш беше обзнането дека против него има 14 кривични пријави. Сите поднесени во време кога ја извршувал функцијата градоначалник. Ниту еден предмет не бил процесиран до крај.

Remote video URL

Порталот објави и за незаконско постапување од страна на Мерко.

Remote video URL

Аларм имаше и дека без дозвола и потребни документи, градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, уриваше и преградуваше, односно реновираше објект што е прогласен за значајно културно наследство. Сето тоа без конзерваторско одобрение од Управата за заштита на културното наследство. Во зградата на поранешното училиште планира да ја пресели општинската администрација сосе него, иако за ова нема одлука од Советот на Општина Струга. Ова беше уште една незаконитост.

Remote video URL
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе