Серхио Рамос помогна да се реши конфликтот меѓу ѕвездите на Пари Сен-Жермен, Килјан Мбапе и Нејмар. Според Le Parisien 36-годишниот ветеран се вклучил и помогнал да се реши проблемот кој настана на мечот со Монпелје.
Бразилецот по мечот со Монпелје (5:2) изрази незадоволство поради тоа што Французинот стана редовен изведувач на пенали на клубот. На самиот натпревар одигран викендот, Мбапе го промаши првиот пенал, а подоцна сакаше да го изведе и вториот досуден за ПСЖ, но Нејмар не му дозволи, па тој го реализираше.
Подоцна во француските медиуми се појавија информации дека Мбапе побарал од раководството на ПСЖ да го продаде Нејмар.
Претходно се дозна дека инцидентот бил разрешен по средбата на играчите со директорот на парискиот клуб Луис Кампос. Во исто време, дефанзивецот Серхио Рамос делувал како уште еден посредник меѓу страните во конфликтот.