Рампата пред НУБ претворена во јавен нужник

Не само неодговорно однесување на поединци кои ова место го користат за вршење нужда, туку и негрижа на институциите да се реши проблемот и пред сѐ да се исчисти местото.

Фото: Филип Здравески (Кајгана)

Корисниците на Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје секојдневно се соочуваат со непријатен мирис и глетка ако доаѓаат од страната на Судот. А лицата кои користат количка или друг вид на помагало за да се движат се оневозможени да ѝ пристапат на библиотеката преку рампата, освен ако не сакаат да минат низ ѓубре и потоа буквално низ човечки измет.

Одредени лица оваа рампа во ноќните часови ја користат како јавен нужник. И тоа е веќе некое време, а никој не мрда со прст за да го реши проблемот. На рампата сѐ повеќе и повеќе се таложат гомна, што понатаму проблемот сигурно ќе резултира не само со лоша миризба, туку и со некоја зараза.

Фото: Филип Здравески (Кајгана)

Ниту скалите десно од рампата не се во подобра состојба затоа што од олукот над нив редовно тече насобрана вода од дождови која веќе одамна почнала да остава траги на скалите кои од лизгавоста претставуваат и опасност доколку се користат.

Фото: Филип Здравески (Кајгана)

Да потсетиме, НУБ „Свети Климент Охридски“ - Скопје е една од првите институции формирана со одлука на АСНОМ на 23 ноември 1944 година, кога практично Втората светска војна сѐ уште не била завршена. Денес библиотеката располага со богат фонд од илјадници разни изданија кои им се достапни на граѓаните, а во неа често се одржуваат манифестации и одбележувања на настани. Причина повеќе зошто зачудува негрижата за пристапот до оваа државна институција која е симбол на сѐ што некогаш било издадено во државава.

Оваа институција ја посетуваат не само студенти и истражувачи, туку и амбасадори и гости од странство. Да се надеваме дека никој од нив не оди од страната на Судот, покрај споменикот на Пере Тошев за да влезе во НУБ покрај Институтот „Конфучиј“ кој се наоѓа токму после рампата во склоп на НУБ. Ако некој во меѓувреме се реши да зачисти...

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Македонија

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Read more

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more
 

Вести

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе