Расте инфлацијата во еврозоната

Инфлацијата во Европската Унија значително забрза во декември, по посилниот раст на цените во еврозоната, објави Евростат.

На ниво на ЕУ, годишната стапка на инфлација, мерена преку хармонизираниот индекс на потрошувачки цени (HICP), кој овозможува споредба меѓу земјите-членки, во декември се зголеми на 3,4 отсто, од 3,1 отсто во претходниот месец.

На месечна основа, цените благо пораснаа, за 0,1 отсто, откако во ноември беа намалени за 0,4 отсто, покажуваат табелите на Европскиот завод за статистика.

Во декември, годишната стапка на инфлација во еврозоната измерена со ХИЦП изнесуваше 2,9 отсто, забрзувајќи за првпат од април, ја потврди Евростат проценката објавена на почетокот на јануари. Во ноември таа изнесуваше 2,4 отсто.

Цената на свежата храна најмногу порасна во декември во еврозоната, за 6,8 отсто во однос на истиот месец од претходната година, значително повеќе отколку во ноември.

На месечна основа, цените во 20-члената економија во декември пораснаа за 0,2 отсто, откако во ноември паднаа за прв пат од јули за 0,6 отсто.

Меѓу земјите на ЕУ кои не се дел од еврозоната, Чешка и Романија имаа убедливо највисоки стапки на инфлација, од 7,6 и седум проценти, соодветно. Во Полска, водечката економија надвор од еврозоната, таа изнесуваше 6,2 отсто.

Кај земјите од еврозоната, цените најмногу пораснале во Словачка, за 6,6 отсто во однос на декември претходната година. Следува Австрија со пораст на потрошувачките цени од 5,7 отсто. Блиску е и Хрватска, каде цените според ХИЦП се повисоки за 5,4 отсто во однос на декември 2022 година, кога годишната стапка на инфлација изнесуваше 12,7 отсто. Во ноември минатата година таа изнесуваше 5,5 отсто.

Најблиску до Хрватска на крајот на годината беше Унгарија, која не е дел од еврозоната, со 5,5 отсто пораст на потрошувачките цени во однос на истиот месец од претходната година.

На годишно ниво, потрошувачките цени најблаг пораснале во декември во Данска за 0,4 отсто и во Италија и Белгија за 0,5 отсто, се наведува во извештајот на Евростат.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе