Разбиен влезот на Градското собрание во Белград, полицијата се судри со демонстрантите

Официјални лица и поддржувачи на листата „Србија против насилството“ вечерва го разбија влезот на Градското собрание на Белград.

Како што јавуваат српските меидуми, со рачка за знаме е скршен влезот во зградата.

На снимките се слуша „Отвори, отвори“.

Полицијата фрли солзавец кон демонстрантите на седмиот протест со барање поништување на изборите во Србија, јавува РСЕ.

Претставниците на опозицијата, како што наведува медиумот, се обиделе да влезат во Собранието на Белград, за да им се обратат на граѓаните од балконот на градското собрание.

Тие ја турнале заклучената врата, а припадниците на полицијата ги спречиле да влезат во градското собрание.

Дел од демонстрантите ги искршија вратите на влезот, а полицијата одговори со солзавец.

На главниот влез во белградското Собрание, еден од полицајците на насобраните им порача дека „насилно влегување не е возможно и дека тоа е кривично дело“.

Толпата извикува „Победа, победа“, „Нема да дадеме победа“ и „Влези, влези“.

Потпретседателот на Демократската партија, Срѓан Миливојевиќ, ја повика полицијата внатре во зградата да го напушти Собранието и да „застане на страната на народот“.

Опозицијата тврди дека владејачката Српска напредна партија ги украла изборите, што власта го негира.

РТС информираше дека двајца полицајци се потешко повредени, а повредени се 35 демонстранти.

URL

Студентите кои протестираа побараа од претседателот на Србија, Александар Вучиќ, до денеска да ги исполни нивните барања и порачаа дека во спротивно во понеделник ќе го блокираат цел Белград.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Регион

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Read more

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе