Разбиена шверцерска група: Приведени тројца, запленета марихуана вредна 50.000 евра

Скопје, 26 јанаури 2022 (МИА) – Полицијата пресече транспорт на марихуана, со вкупна тежина од 25,3 килограми, вредна 50.000 евра, при што од слобода се лишени М.А. (63), Д.К. (45) и Ј.К. (82).

Акцијата е спроведена вчера од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во соработка со Агенцијата за национална безбедност, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, СВР Скопје и ОВР Свети Николе, по спроведена истрага во координација на Јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција.

Во текот на јануари 2022 првопријавениот М.А. ја набавил дрогата и го ангажирал Д.К. на 24.01.2022 со рент-а-кар возило „Форд Фокус“, со скопски регистарски ознаки, да ја пренесе до викенд куќа на место Голиево во Мирковци, изнајмена од страна на првопријавениот.  На 25.01.2022, откако М.А. договорил купопродажба на 10 килограми марихуана во струмичкото село Василево, ги ангажирал Д.К. и Ј.К. да ја пренесат дрогата со возилото „Форд Фокус“ до викенд куќа во село Василево, а М.А. со остатокот од дрогата, со патничко возило „Шевролет Калос“ со скопски регистарски ознаки, се упатил кон Скопје.

– Истиот ден, на автопатот Скопје-Штип, во близина на место „Преод“, од страна на полициски службеници при извршен преглед на возилото „Форд Фокус“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К., каде како совозач бил Ј.К., во задниот дел биле пронајдени вреќа со марихуана во вкупна количина од околу 10 килограми и торба со остатоци од марихуана, а кај лицата биле пронајдени пари во различни валути и апоени. Притоа, двете лица биле лишени од слобода, соопшти Сузана Прањиќ Талевска, портпарол на МВР.

Околу 14.00 часот на улица „Јадранска магистрала“, појасни таа, од страна на полициски службеници била извршена контрола на патничко возило „Шевролет Калос“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А., при што во  багажниот простор биле пронајдени торба со 30 пакувања марихуана, неколку засебни пакувања со марихуана, две дигитални ваги со остатоци од марихуана, во вкупна количина од над 15 килограми. И М.А. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица.

Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поднесе кривична пријава против М.А., Д.К. и Ј.К., поради постоење основи на сомневање дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” предвидено и казниво по чл. 215 ст.3 од Кривичниот законик.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Хроника

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Read more

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Read more

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Read more

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе