Разочарувачки интерес за iPhone 14 Plus

Аналитичарот Минг-Чи Куо објави ран извештај кој ни дава увид во резултатите од преднарачките за новата серија на iPhone 14.

Побарувачката за моделот iPhone 14 Pro Max ги надмина резултатите што ги постигна 13 Pro Max минатата година и доби „добра“ оцена. Моделот iPhone 14 Pro доби „неутрална“ оцена (иста побарувачка како и минатогодишниот 13 Pro).

Останатите два модели добија „лоша“ оцена. Севкупно, iPhone 14 и iPhone 14 Plus сочинуваат околу 45 проценти од испораките од серијата iPhone 14.

URL

Интересно, според анализата на Минг-Чи Куо, побарувачката за новиот модел на iPhone 14 Plus е уште послаба од онаа на iPhone 13 mini минатата година. Производството на истиот мини модел беше прекинато поради слабата побарувачка.

Доколку продолжи слабата побарувачка за двата стандардни iPhone-и, се очекува Apple да го намали производството во наредните недели.

Се вели дека овие проценки на аналитичарите се засноваат на времето од нарачка до испорака на неколку од најголемите пазари. Тоа се шест недели за Pro Max, пет за Pro, со преостанатите два модели на залиха од првиот ден.

Кога станува збор за моделите Pro, Куо истакнува: „Без сомнение, резултатите од преднарачките за моделите Pro повторно докажуваат дека Apple сè уште има голем број лојални корисници, и покрај падот на економијата, но не значи дека Apple веднаш ќе ја зголеми испораката на моделите Pro“.

Тагови
реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Мобилни

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Read more

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе